| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Неутрализирани двајца водачи на терористичката организација ПКК
Министерот Али Јерликаја додаде дека терористите учествувале во вкупно девет терористички акции, во кои загинале шест припадници на турските безбедносни сили, а 19 биле повредени.
Неутрализирани двајца водачи на терористичката организација ПКК
Неутрализирани двајца водачи на терористичката организација ПКК / Photo: AA / AA

Двајца таканаречени водачи на терористичката организација ПКК, од кои едниот беше на „црвената“ листа на најбарани терористи во земјата, се неутрализирани во Источна Туркије, изјави денес турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

„Султан Даг, со кодно име Беритан Амара, која беше на 'црвената' листа, и Зејнеп Нибат, со кодно име Зејнеп Чуди, беа неутрализирани во операцијата 'Боздоган-45', која беше спроведена во руралното подрачје на провинцијата Батман“, рече Јерликаја.

Министерот додаде дека терористите учествувале во вкупно девет терористички акции, во кои загинале шест припадници на турските безбедносни сили, а 19 биле повредени.

Јерликаја додаде дека во последните девет дена жандармеријата неутрализирала вкупно 11 терористи, меѓу кои двајца во црвена, четворица во портокалова и двајца во сива категорија.

Листата на потерници на Туркије е поделена во пет категории со означени бои, од кои црвената е најбарана, а следуваат сина, зелена, портокалова и сива.

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД