| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Хуманитарни организации: Над 20 000 палестински деца се исчезнати во Газа
Се верува дека најмалку 17.000 деца се без придружба и разделени и околу 4.000 деца најверојатно се водат како исчезнати под урнатините, со непознат број, исто така, во масовни гробници.
Хуманитарни организации: Над 20 000 палестински деца се исчезнати во Газа
Дел од семејствата не знаат каде се наоѓаат нивните деца / Photo: AA / AA

Повеќе од 20.000 палестински деца се исчезнати во Газа поради нападот на Израел врз енклавата, многумина се заробени под урнатините, закопани во необележани гробници или изгубени од нивните семејства, објави денеска хуманитарната организација”Save the Children”.

Во соопштението на организацијата со седиште во Велика Британија се вели дека е речиси невозможно да се соберат и проверат информации под сегашните услови во Газа, каде што Израел продолжува со копнените и воздушните напади. Но се верува дека најмалку 17.000 деца се без придружба и разделени и околу 4.000 деца најверојатно се водат како исчезнати под урнатините, со непознат број, исто така, во масовни гробници.

„Другите се насилно исчезнати и префрлени надвор од Газа. Нивните семејства не знаат каде се наоѓаат. Ниту еден родител не треба да копа низ урнатините или масовните гробници за да се обиде да го најде телото на своето дете. Ниту едно дете не треба да биде само, незаштитено во воена зона. Ниту едно дете не треба да биде приведено или држено како заложник“, рече регионалниот директор на организацијата за Блискиот Исток Џереми Стонер.

Израел уби повеќе од 37.000 Палестинци, повеќето жени и деца, по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, кој однесе 1.200 животи. Акциите на Израел предизвикаа хуманитарна катастрофа. Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години