| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
ЕУ усвои 14 пакет санкции против Русија
Се очекува санкциите да ги погодат руската енергетика, финансиите и трговијата
ЕУ усвои 14 пакет санкции против Русија
Европската унија им забрани на европските банки надвор од Русија да користат систем за финансиски пораки што е руски еквивалент на СВИФТ / Photo: AA / AA

Европската унија го усвои 14-тиот пакет санкции против Русија поради нејзината војна против Украина, која започна во февруари 2022 година, објави денеска Европскиот совет.

„Советот денеска го усвои 14-тиот пакет економски и индивидуални рестриктивни мерки кои нанесуваат дополнителен удар на режимот на Владимир Путин и на оние кои ја одржуваат неговата незаконска, неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна против Украина“, се вели во соопштението.

Како што се додава санкциите ќе ги погодат руската енергетика, финансиите и трговијата и ќе го отежнат заобиколувањето на санкциите на ЕУ.

Пакетот вклучува рестриктивни мерки за дополнителни 116 поединци и субјекти одговорни за дејствија кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина.

Пакетот ги забранува сите идни инвестиции и извоз во проекти за гас во изградба во Русија.

Европската унија им забрани на европските банки надвор од Русија да користат систем за финансиски пораки што е руски еквивалент на СВИФТ.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години