| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Кулеба: Членството на Украина во ЕУ ќе го зајакне европскиот блок
„Украина е веќе дел од европското семејство. Нашата земја е можност и додадена вредност за ЕУ. Како членка на ЕУ, Украина ќе даде значаен придонес во заедничка одбрана, надворешната политика, зелена транзиција, дигитализацијата, економскиот развој.“
Кулеба: Членството на Украина во ЕУ ќе го зајакне европскиот блок
Кулеба: Членството на Украина во ЕУ ќе го зајакне европскиот блок / Photo: Reuters Archive / Reuters Archive

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денес изјави дека воспоставувањето мир во неговата земја ќе ја гарантира долгорочната безбедност на Европа.

„Обезбедувањето праведен и траен мир за Украина ќе гарантира долгорочна безбедност на Европа и почитување на меѓународното право“, рече Кулеба за време на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ) во Луксембург.

Кулеба изрази благодарност што ЕУ ја одобрила преговарачката рамка, која ги утврдува насоките и принципите за пристапување на Украина во 27-члениот европски блок.

Тој нагласи дека членството на Украина во ЕУ ќе го зајакне европскиот блок и ќе гарантира безбедност и просперитет за сите Европејци.

„Украина е веќе дел од европското семејство. Нашата земја е можност и додадена вредност за ЕУ. Како членка на ЕУ, Украина ќе даде значаен придонес во заедничката одбрана, надворешната политика, зелената транзиција, дигитализацијата, економскиот развој и други области“, рече Кулеба.

Киев аплицираше за членство во ЕУ во февруари 2022 година, а кандидатски статус доби во јуни 2022 година.

Во декември минатата година лидерите на ЕУ го одобрија отворањето на пристапните преговори со Украина и Молдавија.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Такаичи на Г7 предложи заедничко складирање на ретките минерали
Осум загинати при пад на американски Б-52 бомбардер во Калифорнија
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Аун: Договорот САД-Иран ја признава важноста на Либан за регионот
Турскиот и иранскиот министер за надворешни работи разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Почнува Самитот на Г7 со фокус на Блискиот Исток, Украина и ВИ
Израелски политичари: Договорот САД-Иран е стратешки неуспех за Израел
Шестмина Палестинци убиени во израелски напади, бројот на жртви надмина 73.000
Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди јужниот дел на Филипини
Барак: Вашингтон ја цени поддршката на Ердоган за регионална деескалација
Израел не се повлекува од Либан и покрај мировниот договор САД-Иран
Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST
Пакистан го поздрави договорот меѓу САД и Иран
Американските демократи ги поздравуваат разговорите со Иран, но се прашуваат за цената на конфликтот
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука