| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
ЕУ ги отвора пристапните преговори со Украина и Молдавија
Со овој потег ЕУ сака да ја покаже поддршката за двете земји и нивната определба за интеграција со Западот и отфрлање на руското влијание. Одлуката во случајот на Украина е значајна во контекст на поддршката за одбрана од руската инвазија.
ЕУ ги отвора пристапните преговори со Украина и Молдавија
ЕУ ги поддржува двете земји за интеграција со Западот наспроти руското влијание / Photo: Reuters / Reuters

Европската унија денеска ќе ги отвори преговорите за членство со Украина и Молдавија. Проценките се дека што се однесува до Украина почетокот на преговорите е повеќе симболичен отколку суштински. На тој начин ЕУ ја изразува поддршката за Украина во одбрана од руската инвазија.

Со започнувањето на преговорите со Украина и Молдавија ЕУ сака да покаже дека двете земји имаат за цел интеграција со Западот, а не да бидат под руско влијание.

Суштинските преговори треба да започнат по проценката од ЕУ на актуелната состојба со законодавството и реформите во двете земји.

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен им го честиташе почетокот на преговорите на Украина и Молдавија.

"Им честитам на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори. Ова е многу добра вест за народот на Украина, Молдавија и целата Европска унија. Патот пред нас ќе биде тежок, но полн со можности", напиша таа на X.

Церемонијата на отварањето на преговорите ќе се случи во Луксембург.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван