| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Конзервираната храна со поминат рок предизвика труење кај жителите на Газа
Канцеларијата го обвини Израел дека спроведува систематска политика на гладување и спречување на жителите на Газа да се лекуваат.
Конзервираната храна со поминат рок предизвика труење кај жителите на Газа
Конзервираната храна со поминат рок предизвика труење кај жителите на Газа / Photo: AA / AA

Консумирањето конзервирана храна со поминат рок во Појасот Газа поради големиот недостиг на храна предизвика труење на Палестинците, објави денес владината канцеларија за медиуми во Газа.

Канцеларијата наведува дека „луѓето консумираат конзервирана храна со истечен рок на траење, што предизвикува голем број труења“.

Канцеларијата го обвини Израел дека спроведува систематска политика на гладување и спречување на жителите на Газа да се лекуваат.

Се додава дека израелските сили ги гаѓале општинските екипи кои се обидувале да ги обноват бунарите за вода во регионот.

„Израелската Армија директно ги гаѓаше и тимовите за цивилна заштита, намерно онеспособувајќи ги“, се вели во соопштението.

Поради војната и израелските ограничувања, кои го прекршуваат меѓународното право, Палестинците во Појасот Газа, особено во северните области, се соочуваат со екстремен недостиг на храна, вода и лекови, што доведува до гладување.

Мартин Грифитс, потсекретарот за хуманитарни прашања на Обединетите нации, на 12 јуни предвиде дека половина од населението на Појасот Газа ќе се соочи со смрт и глад до средината на јули, доколку не се укине блокадата со хуманитарната помош.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници, започната по нападот на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври минатата година.

Оттогаш, повеќе од 37.500 Палестинци се убиени во Појасот Газа, повеќето жени и деца, а околу 86.000 се ранети, според локалните здравствени власти.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна одлука им нареди на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
13 загинати цивили во наводен пакистански напад врз Авганистан
Најмалку пет лица убиени во новите израелски напади врз јужен Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел
Израел ќе ги прекине нападите врз Иран по барање на Трамп, но продолжува со операциите во Либан
Техеран го обвинува Вашингтон за продолжување на конфликтот на Блискиот Исток
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Шест лица повредени во напад на Пен станицата во Њујорк пред финалето на НБА
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Анкета: Израел и Нетанјаху се соочуваат со неповолно глобално јавно мислење
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Арагчи: Со Ормускиот Теснец заеднички ќе управуваат Иран и Оман
Претставничкиот дом на САД го усвои предлог-законот за помош на Украина и санкции за Русија
Путин: Русија го контролира Луганск, над 85 % од Доњецк и над 80 % од Запорожје
Израелското и плестинското граѓанско општество во Париз за поддршка на решението за две држави