| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Шолц: Фон дер Лајен, Коста и Калас на клучните позиции во Европската унија
Шестмина лидери на ЕУ кои ги претставуваат главните политички групи во Европа постигнале договор за тоа кој ќе треба да биде на овие позиции
Шолц: Фон дер Лајен, Коста и Калас на клучните позиции во Европската унија
Шолц истакна дека со овој договор нема да се потпираат на поддршката од радикалните или популистичките партии во Европскиот парламент / Photo: AA / AA

Главните европски политички партии постигнаа договор за тоа кој треба да се најде на водечките позиции во Европската унија, објави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Говорејќи пред членовите на германскиот парламент, Шолц рече дека шестмина лидери на ЕУ кои ги претставуваат главните политички групи во Европа конечно постигнале договор за ова прашање.

„Антонио Коста ќе биде идниот претседател на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен ќе биде претседател на Европската комисија, а балтичката политичарка Каја Калас ќе биде висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика“, рече Шолц.

Тој истакна дека со овој договор се надеваат дека највисоките претставници на ЕУ нема да се потпираат на поддршката на радикалните или популистичките партии во Европскиот парламент.

„Добро е што конструктивните, проевропски партии имаат јасно мнозинство во Европскиот парламент и очекувам дека идниот претседател на Европската комисија ќе се потпре токму на такво мнозинство во парламентот“, додаде Шолц.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
13 загинати цивили во наводен пакистански напад врз Авганистан
Најмалку пет лица убиени во новите израелски напади врз јужен Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел
Израел ќе ги прекине нападите врз Иран по барање на Трамп, но продолжува со операциите во Либан
Техеран го обвинува Вашингтон за продолжување на конфликтот на Блискиот Исток
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Шест лица повредени во напад на Пен станицата во Њујорк пред финалето на НБА
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Анкета: Израел и Нетанјаху се соочуваат со неповолно глобално јавно мислење
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Арагчи: Со Ормускиот Теснец заеднички ќе управуваат Иран и Оман
Претставничкиот дом на САД го усвои предлог-законот за помош на Украина и санкции за Русија
Путин: Русија го контролира Луганск, над 85 % од Доњецк и над 80 % од Запорожје
Израелското и плестинското граѓанско општество во Париз за поддршка на решението за две држави