| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Фидан:Израел пред целиот свет убива жители на Газа и раселува милиони луѓе
Турскиот министер за надворешни работиги повика земјите кои безусловно го поддржуваат Израел „да ги разгледаат своите позиции пред да биде предоцна
Фидан:Израел пред целиот свет убива жители на Газа и раселува милиони луѓе
Фидан смета дека борбата против тероризмот, бара од сите сојузници на НАТО да покажат максимална солидарност / Photo: AA / AA

Меѓусебното воведување санкции од земјите-членки на НАТО не е компатибилно со духот на алијансата, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во Варшава по средбата со полскиот колега Радослав Сикорски и романската колешка Луминица Одобеску.

Тој нагласи дека меѓу сојузниците, особено во секторот на одбранбената индустрија, треба целосно да се укинат санкциите, ограничувањата и пречките.

„Санкциите и ограничувањата не само што влијаат на сојузничката држава, туку и го поткопуваат капацитетот на НАТО за одвраќање и одбрана“, додаде тој.

Фидан рече и дека исклучително чувствителните прашања, како што е борбата против тероризмот, бараат од сите сојузници на НАТО да покажат максимална солидарност.

Тој се осврна и на војната во Газа, истакнувајќи дека Израел, под изговор дека ќе воспостави сопствена безбедност, ги убива жителите на Газа пред очите на целиот свет и раселува милиони луѓе.

Фидан ги повика земјите кои безусловно го поддржуваат Израел „да ги разгледаат своите позиции пред да биде предоцна“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Среде геноцидната војна на Израел, палестинските сестри градат надеж од урнатините на Газа
Под блокада на гориво: Колку долго кубанската влада може да преживее економски притисоци?
Израелската армија ги предупредува жителите на три либански градови да се евакуираат
Иран: Испалилени предупредувачки истрели кон американски разорувачи во Оманското Море
Русија и Украина разменија 185 воени заробеници со посредство на ОАЕ
Мерц во историска посета на Црна Гора на самитот во Тиват
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Германската крајнодесничарска AфД во Москва побара оживување на гасоводот Северен тек
Фидан во Бангладеш: Туркије се залага за трајно решение за прогонетите Рохинџи
Врховниот лидер на Иран одобри помилување за над 2.000 осуденици
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Германскиот канцелар Мерц во Тиват: ЕУ мора да покаже политичка волја за проширување
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК