| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Борел: Косово не беше подготвено за трилатерална средба
Високиот претставник за надворешна и безбедносна поликтика на ЕУ истакна дека косовскиот премиер Албин Курти во Брисел поставил три услови и дека улогата на ЕУ е да им помогне и да ги поддржи страните во нивните напори во рамки на дијалогот
Борел: Косово не беше подготвено за трилатерална средба
ЕУ останува посветена на дијалогот Белград - Приштина / Photo: Reuters / Reuters

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јосеп Борел денеска изјави дека денеска Косово не било подготвено за трилатерална средба и дека поставило три услови за тоа да се случи, а од друга страна Србија била подготвена за средба.

Тој на прес-конференцијата по билатералните средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека Курти побарал официјализирање на основниот договор, да се отфрли писмото во кое поранешната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ, кон средината на декември минатата година изрази резервираност во однос на обврските што произлегуваат од договорот за нормализација на односите со Косово, вклучувајќи го и анексот за имплементација и предавањето на Милан Радојичиќ на косовските правосудни органи.

„Србија не беше подготвена целосно да ги исполни барањата на Косово, осврнувајќи се на уставните ограничувања“, рече Борел.

Тој додаде дека улогата на ЕУ е да им помогне и да ги поддржи страните во нивните напори во рамките на процесот на дијалог и дека останува посветена на тоа.

„Во таа смисла, процесот ќе продолжи. Ќе продолжиме да работиме на тоа. Ќе бидеме домаќини на двајцата главни преговарачи во Брисел следната недела за да ги продолжиме разговорите и да дозволиме процесот да продолжи напред. Ние продолжуваме да веруваме дека тоа е во нивен интерес и во интерес на европските аспирации. Како Европска унија сме подготвени да помогнеме на секој чекор“, изјави Борел.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната средба со Борел и Лајчак во Брисел изјави дека се се сведува на барањето на Косово да дојде до признавање од страна на Србија. Според Вучиќ најважно е да дојде до формирање на Заедница на српски општини, но дека нема информација од другата страна бидејќи не дошло до средба.

“Тоа е суштината. Тие бараат ние да го признаеме тоа, а сега смислија и нови барања, но суштински е тоа признавање. Се се сведува на тоа. Се врти во круг”, изјави Вучиќ.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Милановиќ му ги одзеде одликувањата на Главаш по пресудата за воени злосторства
Куртулмуш повика на сеопфатни реформи низ целиот исламски свет
Данска: Разговорите за Гренланд со САД би можеле да завршат со договор до крајот на годината
Лавров: Русија нема да се согласи на примирје во Украина заради мировни преговори
Трамп му рекол на Нетанјаху: „На сите Евреи им е преку глава од тебе“
Ердоган: Мирот ќе преовлада и покрај израелските провокации
Радев: Американските воени авиони го напуштаат аеродромот во Софија кон крајот на месецот
Заврши судењето на Нетанјаху за корупција по 98 судски рочишта
Рубио ја потврди посветеноста на САД за ОАЕ и заливските земји по војната со Иран
Убиено палестинско дете во израелските напади врз Газа
Трамп: Преговорите со Иран ќе завршат ако воведат давачки за бродовите
Русија најави нова рунда разговори со САД до крајот на летото
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија