| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Две девојчиња загинаа во израелски напад врз Газа
Бројот на убиени Палестинци во израелските бомбардирања и гранатирања на Појасот Газа од 7 октомври минатата година се зголеми на 37.718, соопшти Министерството за здравство во опколената енклава
Две девојчиња загинаа во израелски напад врз Газа
Израелските авиони ја бомбардирале населбата Аш-Шукаија / Others

Две деца се убиени во воздушен напад што израелската Армија го изврши во северниот дел на Појасот Газа.

Според информациите добиени од здравствени извори, израелските авиони ја бомбардирале населбата Аш-Шукаија во источниот дел на градот Газа.

Во нападот се убиени две девојчиња, а голем број Палестинци се повредени и се пренесени во Баптистичката болница Ал-Ахли.

Бројот на убиени Палестинци во израелските бомбардирања и гранатирања на Појасот Газа од 7 октомври минатата година се зголеми на 37.718, соопшти Министерството за здравство во опколената енклава.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран