| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, Тетово и Скопје
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка – 66 литри на метар квадратен, потоа во Тетово – 52, Скопје, кај Петровец – 18 и Штип и Виница по седум литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, Тетово и Скопје
Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, Тетово и Скопје / Photo: AA Archive / AA Archive

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка – 66 литри на метар квадратен, потоа во Тетово – 52, Скопје, кај Петровец – 18 и Штип и Виница по седум литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од УХМР, нагласуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, но поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Минималните измерени температури изутринава во 8:00 часот се Крива Паланка 14 степени целзиусови, Берово – 15, Скопје-Петровец, Виница и Крушево – 17, Тетово и Штип – 18, Демир Капија, Претор и Охрид – 19, Струмица – 21, Битола – 22 и Гевгелија – 23 степени целзиусови.

Времето во првата половина од ноќта во северните делови од земјава беше нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме. Утрово е сончево со мала до умерена облачност.

Денеска не очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време(над 30л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. UV=6

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне 32 степена.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Балкан Експо 2026 во Сараево собира повеќе од 100 компании од прехранбениот и земјоделскиот сектор
Макрон пристигна во Црна Гора, го пречека претседателот Милатовиќ
Парламентот на Словенија ја изгласа владата на Јанез Јанша
Германија и Франција предлагаат постепена интеграција во ЕУ на Западен Балкан и Молдавија
Кошта: ЕУ е најзаначајниот партнер на Србија, вратите на Унијата остануваат отворени
Советот на ЕУ ги одобри преговорите со Западен Балкан за укинување на роамингот
Мал авион се сруши во Хрватска, има неколку загинати
РСМ се искачи за осум места на StartupBlink Global Startup Ecosystem Index 2026 листа
Кошта во Приштина: ЕУ го поддржува Косово, но не можеме да ја работиме вашата работа
Црна Гора депортирала цел авион што долетал од Србија
Финансиска полиција: Приведени повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание
Сиљановска Давкова: Европа е наш природен природен дом, бараме еднаков третман
Сиљановска Давкова-Пелегрини: Сите земји кандидатки треба да имаат еднаков третман на патот кон ЕУ
Парламентарен надзор и регионална соработка во фокусот на конференцијата во Загреб