| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Грузија со победа над Португалија во 1/8 финале, Туркије ја елиминира Чешка
Репрезентацијата на Туркије ја совлада Чешка со резултат 2:1. Турскиот тим поведе во 51. минута со голот на Чалханоглу. Чешка го израмни резултатот во 66. минута преку Соучек. Турците успеаја да победат со голот на Тосун во судиското продолжение.
Грузија со победа над Португалија во 1/8 финале, Туркије ја елиминира Чешка
Грузија со победа над Португалија во 1/8 финале, Туркије ја елиминира Чешка / Photo: AA / AA

Во натпреварите од третото и последно коло од групата „Ф“ на Европското фудбалско првенство (ЕВРО 2024) што се игра во Германија, пласман во осминафиналето од групата Ф изборија селекциите на Туркије и Грузија, додека Португалија со двете победи во првите две кола обезбеди пласман во наредната фаза. Селекцијата на Чешка со поразот од Туркије се збогуваше од ЕВРО 2024.

Репрезентацијата на Туркије ја совлада Чешка со резултат 2:1. Турскиот тим поведе во 51. минута со голот на Хакан Чалханоглу. Чешка го израмни резултатот во 66. минута преку Томаш Соучек. Турците сепак успеаја да победат со голот на Ченк Тосун во судиското продолжение, 90+4. минута.

Чешката екипа од 20. минута играше со играч помалку откако Антонин Барак го доби вториот жолт, автоматски црвен картон.

Во вториот натпревар од групата Ф репрезентацијата на Грузија приреди вистинска сензација совладувајќи ја Португалија со резултат 2:0. Стрелци беа Хвича Кварацхелија во втората минута и Жорж Микаутадзе во 57. минута од пенал.

По овие средби Португалија е на првото место во групата Ф со 6 бода, колку што има и селекцијата на Туркије. Грузија е трета со 4 бода, а Чешка е последна со 1 бод.

Претходно на средбите од групата Е што се одиграа во 18:00 часот Словачка и Романија одиграа нерешено 1:1, а на средбата Украина - Белгија немаше погодоци и селекциите ги поделија бодовите.

Во оваа група сите репрезентации имаат по 4 бода, но Украина поради послабата гол-разлика се најде на четвртото место и го заврши учеството на ЕВРО 2024.

Со натпреварите од третото коло на групата Ф заврши групната фаза на ЕВРО 2024. Пласман во осминафиналето обезбедија селекциите на Швајцарија, Италија, Германија, Данска, Англија, Словачка, Шпанија, Грузија, Франција, Белгија, Португалија, Словенија, Романија, Холандија, Австрија и Туркије.

Познати се и паровите од осминафиналните натпревари каде се среќаваат:

29 јуни

18:00 Швајцарија – Италија

21:00 Германија – Данска

30 јуни

18:00 Англија – Словачка

21:00 Шпанија – Грузија

1 јули

18:00 Франција – Белгија

21:00 Португалија – Словенија

2 јули

18:00 Романија – Холандија

21:00 Австрија – Туркије.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Фидан: Туркије и Индија да ги стават проблемите во заграда и да се стремат кон позитивна агенда
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Кинескиот претседател Си вети дека ќе ги прошири односите со Северна Кореја
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Калас: На Блискиот Исток не му е потребна ескалација
Израел детектира нова серија истрелани ирански ракети
Нетанјаху ќе го свика безбедносниот кабинет по обновените напади
Курти повторно победи на вонредните избори во Косово
Ирански петрохемиски објект погоден во израелски воздушен напад
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ