| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Европската Унија договори нови санкции за Белорусија
„Амбасадорите на ЕУ, во принцип, се договорија за новиот пакет санкции насочени кон Белорусија“, соопшти Белгија, претседавач со Европската Унија.
Европската Унија договори нови санкции за Белорусија
Европската Унија (ЕУ) денес договори нови санкции за Белорусија во обид да го спречи избегнувањето на казните наметнати на Русија за нејзината војна против Украина. / Others

Европската Унија (ЕУ) денес договори нови санкции за Белорусија во обид да го спречи избегнувањето на казните наметнати на Русија за нејзината војна против Украина.

„Амбасадорите на ЕУ, во принцип, се договорија за новиот пакет санкции насочени кон Белорусија“, соопшти Белгија, претседавач со Европската Унија.

Се додава дека овој пакет ќе го зајакне одговорот на руската инвазија врз Украина, вклучително и борбата против избегнувањето санкции.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поздравувајќи го развојот на настаните, изјави дека со овој пакет го зголемуваат притисокот врз двете земји и ги прават санкциите за Русија уште поефикасни.

„Белорусија повеќе не смее да служи како начин за избегнување на нашите санкции за Русија“, додаде Фон дер Лејен.

Пред руската „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година, ЕУ веќе ја санкционираше Белорусија поради задушување на протестите.

ЕУ воведе 14 пакети санкции за Русија поради војната во Украина.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Најмалку три лица повредени во украински ракетен напад врз рускиот град Воронеж
Кир Стармер поднесе оставка, Енди Бернам ќе биде нов премиер на Велика Британија
37 проценти од Американците сметаат дека Иран има поголема корист од договорот со САД
Австралиската полиција заплени 2,7 тона кокаин во „најголемата досега“ заплена на дрога во земјата
Австралија го потпиша најголемиот договор за извоз на одбрана
Ердоган: Туркије е главен актер во решавањето на регионалните кризи
Иран ги одложи преговорите со САД поради кршењето на примирјето во Либан од страна на Израел
Средба Руте-Трамп следната недела во САД
Франција го повика Израел да го почитува примирјето во Либан и ги повика САД да извршат притисок
Велика Британија ќе обезбеди 150 000 дронови и стотици ракети за поддршка на Украина
Пезешкијан: Меморандумот меѓу Иран и САД е историски документ
Нетанјаху му кажа на Трамп дека нема да биде обврзан од договорот меѓу Иран и САД
Првиот француски танкер за течен природен гас го премина Ормускиот теснец од почетокот на војната
Филипинскиот претседател Маркос го покани Путин на самитот за Источна Азија во Манила