| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Обид за државен удар во Боливија: Уапсен генералот Зунига
Како што наведуваат боливиските медиуми, Зунига е обвинет за водење на обидот за државен удар. Тој е приведен откако го напуштил седиштето на Генералштабот, а потоа со полициско возило бил однесен во Обвинителството.
Обид за државен удар во Боливија: Уапсен генералот Зунига
Обид за државен удар во Боливија: Уапсен генералот Зунига / Photo: AA / AA

Врховниот командант на боливиската Армија, генерал Хуан Хозе Зунига, кој се обиде да изврши државен удар во Боливија против Владата на претседателот Луис Арсе, е уапсен на барање на главниот обвинител.

Како што наведуваат боливиските медиуми, Зунига е обвинет за водење на обидот за државен удар.

Тој е приведен откако го напуштил седиштето на Генералштабот, а потоа со полициско возило бил однесен во Обвинителството.

Канцеларијата на главниот обвинител соопшти дека е започната сеопфатна истрага за наводите за обидот за државен удар и настаните што следуваа.

Боливискиот претседател Арсе изјави дека некои воени единици биле нерегуларно мобилизирани во земјата и побара од Армијата да ја почитува демократијата.

На снимките на социјалните мрежи е прикажано воено оклопно возило кое се обидува да упадне во владината палата во главниот град Ла Паз.

Арсе директно разговарал со Зунига, кој се обидувал да упадне во владината палата, и побарал итно повлекување на војниците.

Боливискиот претседател во обраќањето до нацијата ја повика јавноста да остане смирена.

„Претседателот и министрите на Боливија се на должност и го повикувам народот да ја заштити демократијата. Војниците веднаш да се повлечат и да се вратат на своите должности. Сакам да ја почитуваат демократијата и Уставот“, рече Арсе.

На повик на Арсе, илјадници луѓе излегоа на плоштадите и протестираа против обидот за воен удар.

По наредба на новоименуваниот командант на боливиската Армија, Хозе Вилсон Санчез, војниците кои се обидоа да направат пуч се вратија во касарната.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Такаичи на Г7 предложи заедничко складирање на ретките минерали
Осум загинати при пад на американски Б-52 бомбардер во Калифорнија
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Аун: Договорот САД-Иран ја признава важноста на Либан за регионот
Турскиот и иранскиот министер за надворешни работи разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Почнува Самитот на Г7 со фокус на Блискиот Исток, Украина и ВИ
Израелски политичари: Договорот САД-Иран е стратешки неуспех за Израел
Шестмина Палестинци убиени во израелски напади, бројот на жртви надмина 73.000
Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди јужниот дел на Филипини
Барак: Вашингтон ја цени поддршката на Ердоган за регионална деескалација
Израел не се повлекува од Либан и покрај мировниот договор САД-Иран
Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST
Пакистан го поздрави договорот меѓу САД и Иран
Американските демократи ги поздравуваат разговорите со Иран, но се прашуваат за цената на конфликтот
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука