| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Во Скопје одржан собир за Чамерија пред грчката амбасада
Во писмото до Амбасадата на Грција во Скопје се наведува дека Албанците од Чамерија била масакрирани и прогонети од нивната земја во геноцидот извршен од страна на грчката војска ЕДЕС од Наполеон Зерва во 1944 година.
Во Скопје одржан собир за Чамерија пред грчката амбасада
Во Скопје одржан собир за Чамерија пред грчката амбасада / Photo: AA / AA

Во рамките на Неделата на Чамите во Скопје денес беше организиран собир за Чамерија пред грчката амбасада.

Десетици лица се собраа пред грчката амбасада во Скопје со цел да изразат протест за грчкиот геноцид врз Чамите и прекршувањето на нивните права.

Денешниот собир е дел од разните активности организирани во Северна Македонија во рамките на Неделата на Чамите што се спроведува од 21 до 27 јуни.

Собирот пред амбасадата беше мирен и немаше инциденти, а насобраните лица имаа облека со елементи на Чамерија и албанското знаме.

Во писмото до Амбасадата на Грција во Скопје, кое во име на организаторите го прочита Афан Шерифи, се наведува дека Албанците од Чамерија била масакрирани и прогонети од нивната земја при геноцидот извршен од страна на грчката војска ЕДЕС предводена од Наполеон Зерва во 1944 година.

Во тоа време грчката држава ги обвинуваше Чамите дека се соработници на германските нацисти, обвинение што, како што рече Шерифи, никогаш не било потврдено од страна на грчката држава.

„Упатуваме апел до Европската комисија и Европскиот парламент да ја повика Грција како членка на ЕУ да престане со етничката и верската дискриминација на Чамите, на кои им се негираат сите човекови права, па дури и посета на Грција како туристи”, рече Шерифи, додавајќи дека без решавање на прашањето на Чамите никогаш ќе нема пријателство и искрено соседство меѓу двата народа.

Неделата на Чамите во Северна Македонија е организирана од совет составен од неколку невладини организации под мотото „Ја сакам Чамерија” (I love Çamëria).

ИЗВОР:AA
Повеќе
Турска болница ја изврши првата во светот осумкратна вкрстена трансплантација на црн дроб
Самитот на лидерите на Г7 започна во Франција, светските лидери дискутираат за глобални прашања
Техеран: Крајот на војната во Либан е предуслов за завршување на војната со Иран
Аеродромот во Анкара е отворен во турскиот главен град пред самитот на НАТО
Израелскиот радикален десничар и министер Бен Гвир не отпатува во САД поради проблеми со визата
Иран ќе формира одбор за тргување со рубља, додека шефот на централната банка ја посетува Москва
Калас: ЕУ ја нагласува важноста Либан да биде опфатен со мировниот договор САД-Иран
Венс: Нуклеарните инспектори ќе влезат во Иран по финалниот договор
Остатоци од дрон предизвикаа пожар во руско нафтено складиште
Такаичи на Г7 предложи заедничко складирање на ретките минерали
Осум загинати при пад на американски Б-52 бомбардер во Калифорнија
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Аун: Договорот САД-Иран ја признава важноста на Либан за регионот
Турскиот и иранскиот министер за надворешни работи разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Почнува Самитот на Г7 со фокус на Блискиот Исток, Украина и ВИ