| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Турскиот претседател ја потврди посветеноста за членство во ЕУ
Полноправното членство во Унијата е стратешка цел на Туркије рече Ердоган на прес-конференција со естонскиот колега Карис во Анкара
Турскиот претседател ја потврди посветеноста за членство во ЕУ
Ердоган: Масакрите на Израел во Газа ја загрозуваат регионалната стабилност и глобалната безбедност / Photo: AA / AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја потврди посветеноста на Туркије да стане членка на Европската унија, опишувајќи ја како стратешка цел на земјата.

„Полноправното членство во Европската Унија е наша стратешка цел. Наш заеднички интерес е ЕУ да и пристапи на Туркије од слична перспектива“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со неговиот естонски колега Алар Карис во Анкара.

Туркије аплицираше за членство во ЕУ во 1987 година и е земја кандидат од 1999 година. Преговорите за членство започнаа во 2005 година, но влегоа во ќорсокак по 2007 година поради кипарскиот проблем и противењето на неколку земји-членки.

Говорејќи за глобалните и регионалните прашања, Ердоган рече дека масакрите во Газа, каде Израел уби повеќе од 37.000 Палестинци од 7 октомври 2023 година, ја загрозуваат не само регионалната стабилност, туку и глобалната безбедност.

Турскиот лидер рече дека траен мир може да се постигне само преку решение со две држави, за што мора да се изјасни и меѓународната заедница.

Зборувајќи за војната во Украина, која започна во февруари 2022 година, Ердоган рече дека фер решение на конфликтот е можно преку дипломатија, но иницијативите со исклучување на Русија нема да дадат резултати.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД