| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Столтенберг: Сојузниците да го поддржат членството на Украина во НАТО
Генералниот секретар на Алијансата очекува поддршката за Украина да биде главна тема на самитот на НАТО во Вашингтон
Столтенберг: Сојузниците да го поддржат членството на Украина во НАТО
Столтенберг бара поддршка од сојузниците за членство на Украина во НАТО / Photo: AA / AA

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска рече дека очекува сојузниците да испратат јасна порака за патот на Украина кон членство во Алијансата на претстојниот самит во Вашингтон.

На заедничката прес-конференција со естонската премиерка Каја Калас во Брисел, Јенс Столтенберг повтори дека главното прашање на следниот самит на НАТО во Вашингтон ќе биде поддршката за Украина.

„Претседателот Путин верува дека може да не чека. Важно е да покажеме дека тоа не е така и дека сме подготвени да застанеме на страна на Украина на долг рок“, истакна тој.

Столтенберг истакна дека очекува лидерите на НАТО да се согласат дека воената алијанса ќе ја координира безбедносната помош и обука за Украина преку нејзината нова команда.

На 14 јуни, Столтенберг објави дека министрите за одбрана на НАТО се договориле за план за координирање на безбедносната помош и обука за Украина.

Планот предвидува команда на НАТО да биде сместена во американски објект во Визбаден, како и логистички јазли во источното крило на алијансата, предводени од генерал со 3 ѕвезди, кој ќе поднесе извештај до Врховниот командант на сојузниците во Европа.

Тој, исто така, ја истакна важноста од долгорочната поддршка за Украина, велејќи дека тоа ќе и обезбеди на Украина поголема предвидливост на долг рок.

„Очекувам, исто така, ова да испрати јасна порака за патот на Украина кон членство во НАТО“, рече Столтенберг.

Тој, исто така, повтори дека војната во Украина покажува дека нашата безбедност нема регионален туку глобален карактер, наведувајќи ја воената поддршка од Северна Кореја и Иран за Русија и дека Кина ја поддржува руската воена економија“.

Калас ја истакна важноста на претстојниот самит на НАТО што ќе се одржи од 9 до 11 јули, укажувајќи дека е потребно активно делување.

„Во Вашингтон мора да донесеме храбри одлуки кои ќе ја зајакнат безбедноста на нашиот народ и евроатлантската област на долг рок“, истакна таа.

За неа, тоа значи дека одбраната и одвраќањето почнуваат во Украина, додавајќи дека цената што сојузниците ја плаќаат за поддршка на Украина во нејзините напори да ја победи Русија е мала во споредба со она што ќе следи ако агресијата се исплати.

Калас истакна дека победата треба да се постави како цел во Украина. Во врска со членството на Украина во НАТО, Калас рече дека сојузниците мораат со зборови и дела да покажат дека патот на Украина кон НАТО е неповратен.

Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД