| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
По вчерашното невреме, нови пријави за оштетени автомобили во Скопје
Од Регионалниот ЦУК Скопје е информирано за интервенција до надлежните служби.
По вчерашното невреме, нови пријави за оштетени автомобили во Скопје
По вчерашното невреме, нови пријави за оштетени автомобили во Скопје / Photo: AA Archive / AA Archive

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утринава информира дека се уште пристигнуваат пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти од синоќешното невреме.

На Единствениот број за итни случаи 112 во 03:22 часот е добиена пријава за паднато дрво врз три возила и на коловоз на улицата „Разловечко востание“ бр.16 во општина Карпош, а утринава во 06:09 часот е добиена уште една пријава за оштетен автомобил на истата улица бр. 12.

Од Регионалниот ЦУК Скопје е информирано за интервенција до надлежните служби.

Добиена е и пријава за причинета материјална штета во погонот на компанијата „Ла пласт“.

„Според пријавителот, најверојатно постои проблем со атмосферската канализација или пак е пукната цевка, при што водата тече по улица и се слева во неговите погони. Во моментот објектот се наоѓа поплавен до 50 сантиметри под вода. РЦУК Скопје ги извести надлежните служби за интервенирање според пријавениот итен случај“, информираат од ЦУК.

До ЦУК е пристигната и информација за одрон на патот Прилеп кон Каварадци односно меѓу тунелот и селото Дреново. Одронот е на двете коловозни ленти. Известени се надлежните служби кои информирале дека итно ќе испратат екипа на терен.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Русија ќе одговори на новите санкции од ЕУ со „ефикасни и остри мерки“
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Кувајт ја активираше противвоздушната одбрана
САД изврши жестоки напади врз Иран како одговор на соборувањето на воен хеликоптер
Иран нападна над 20 американски цели низ Заливот
13 загинати цивили во наводен пакистански напад врз Авганистан
Техеран ги предупреди странските сили околу Иран дека се соочуваат со ризици по заканата од Трамп
Трамп вели дека САД мора да одговорат по „наводниот“ ирански напад врз американскиот хеликоптер
Франција му забрани влез на крајнодесничарскиот израелски министер Смотрич
Израел уби уште осум Палестинци во Газа, продолжувајќи со секојдневните напади
Туркије и Саудиска Арабија потпишаа значајни договори за железница и транспорт
Османи: Без брзо формирани институции, сонот на Косово за НАТО и ЕУ останува далеку
По 12 години, Северна Македонија и Туркије го враќаат на високо ниво дијалогот за патниот транспорт
Пентагон: Алибаба, Баиду и други технолошки фирми ѝ „помагаат“ на кинеската војска
Растат трошоците за живот