| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Доделени дипломите на дипломците на Меѓународниот балкански универзитет
Во поздравниот говор Гаши рече дека ИБУ е додадена вредност со која може да се гордее општеството, додавајќи дека во него студираат студенти од различна етничка и верска припадност.
Доделени дипломите на дипломците на Меѓународниот балкански универзитет
Доделени дипломите на дипломците на Меѓународниот балкански универзитет / Photo: AA / AA

Во кампусот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) вчера се одржа церемонијата на дипломирање на 14. генерација студенти.

На свеченоста, покрај раководителите и персоналот на ИБУ, присуствуваа и претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, вицепремиерот на Северна Македонија, Изет Меџити, пратеници, претставници на турската амбасада во Скопје, претставници на турските институции во земјава, како и голем број членови на семејствата на студентите.

Во поздравниот говор Гаши рече дека ИБУ е додадена вредност со која може да се гордее општеството на Северна Македонија, додавајќи дека во него студираат студенти од различна етничка и верска припадност.

Тој, исто така, рече дека со создадената атмосфера ИБУ обезбедува знаење за студените, но морални вредности.

„Се надевам дека сте стекнале и знаење и доблест бидејќи само така ќе бидете слободни луѓе во вистинска смисла на зборот и ќе можете да ја оправдате големата одговорност за која сме создадени, како божји слуги на Земјата“, рече Гаши.

Во својот говор вицепремиерот Меџити вети дека ќе ја зголеми соработката со универзитетите, додавајќи дека на општеството му е потребен квалификуван кадар.

„Вие, драги студенти, сте тие што ме мотивирате. Кога ќе ги видам вашите амбиции, вашата посветеност на успехот, вашата инвестиција во себе, сакам да работам многу понапорно и многу подобро за да може земјата да ви ги создаде сите можности да останете овде, да работите овде и да придонесете овде, затоа што вашиот напор е ценет и ќе биде награден“, рече Меџити.

Ректорот на ИБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, во поздравниот говор им честиташе на студентите, нагласувајќи дека знаењето што го стекнале во текот на студирањето е само почеток на нивното патување.

Тој, исто така, рече дека се чувствува повреден од војната во Газа, нагласувајќи дека мора да се поддржат напорите за мир.

„Тековниот геноцид во Газа и страдањата на палестинскиот народ нѐ потсетуваат на големата потреба за правда, сочувство и мир. Загубата на невини животи и тешкотиите со кои се соочуваат семејствата во Газа ги кршат нашите срца. Како образовани и совесни поединци, ние мора да застанеме против опресијата и да ги поддржиме напорите за мир за сите“, рече Сунар.

По поздравните говори на студентите им беа доделени дипломите. Некои од студентите, изразувајќи солидарност со палестинскиот народ, носеа палестински знамиња и носии.

Церемонијата заврши со традиционално фрлање на капите и огномет.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Балкан Експо 2026 во Сараево собира повеќе од 100 компании од прехранбениот и земјоделскиот сектор
Макрон пристигна во Црна Гора, го пречека претседателот Милатовиќ
Парламентот на Словенија ја изгласа владата на Јанез Јанша
Германија и Франција предлагаат постепена интеграција во ЕУ на Западен Балкан и Молдавија
Кошта: ЕУ е најзаначајниот партнер на Србија, вратите на Унијата остануваат отворени
Советот на ЕУ ги одобри преговорите со Западен Балкан за укинување на роамингот
Мал авион се сруши во Хрватска, има неколку загинати
РСМ се искачи за осум места на StartupBlink Global Startup Ecosystem Index 2026 листа
Кошта во Приштина: ЕУ го поддржува Косово, но не можеме да ја работиме вашата работа
Црна Гора депортирала цел авион што долетал од Србија
Финансиска полиција: Приведени повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание
Сиљановска Давкова: Европа е наш природен природен дом, бараме еднаков третман
Сиљановска Давкова-Пелегрини: Сите земји кандидатки треба да имаат еднаков третман на патот кон ЕУ
Парламентарен надзор и регионална соработка во фокусот на конференцијата во Загреб