Со органско земјоделство лани се занимавале 888 производители
Вкупната површина со растително органско производство изнесуваа 4 215 хектари, од кои 1 475 хектари се површини на органско производство во преод, соопшти Државниот завод за статистика
Во земјава лани со земјоделско органско производство се занимавале 888 производители. Вкупната површина со растително органско производство изнесуваа 4 215 хектари, од кои 1 475 хектари се површини на органско производство во преод. Најголемо учество со 51 % (2 158 хектари) во користената земјоделска површина со органско производство сè уште имаат житните култури, соопшти македонскиот Државниот завод за статистика.
Во однос на 2022 година, органското производство на житните култури е намалено за 5.6 %, кај индустриските култури производството е намалено за 17.0 %, кај фуражните култури производството е намалено за 8.4 %, производството на зеленчук е намалено за 42.8 %, кај овошките производството е зголемено за 16.4 % и за 4.6 % е намалено производството на органски лозови насади.
Вкупниот број органски говеда е 7 528 грла и во вкупниот број говеда учествува со 5.1 %. Учеството на органски овци во вкупниот број овци изнесува 20.5 %, а органските кози учествуваат во вкупниот број кози со 5.8 %.
Производството на органски мед во 2023 година е зголемено за 53.9 % во однос на 2022 година, а бројот на пчелни семејства во истиот период е зголемен за 16.5 %