| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Македонската влада ги отфрли обвинувањата на грчкиот премиер Мицотакис
Во владината реакција се вели дека обврските од Договорот од Преспа се двонасочна улица и се посочува дека Грција има неисполнети обврски. Грчкото министерство за надворешни работи денеска ја обвини Северна Македонија за иредентизам.
Македонската влада ги отфрли обвинувањата на грчкиот премиер Мицотакис
Македонската влада ги орфрли обвинувањата на грчкиот премиер Мицотакис за непочитување на обврските од Договорот од Преспа / Photo: vlada.mk

Македонската влада во целост ги отфрли обвинувањата на грчкиот премиер Мицотакис за наводно прекршување на Договорот од Преспа од страна на клучните институции во државата и преземените обврски согласно Уставот.

“Истакнуваме дека државата продолжува да ги почитува превземените обврски од Договорот од Преспа во сите негови аспекти, вклучувајќи го тука и употребата на името "Македонија", како и името "Северна Македонија" во соодветни формати и прилики утврдени со Договорот и Уставот на државата”, се вели во владината реакција.

Истовремено од македонската влада истакнуваат дека превземените обврски се двонасочна улица, и треба да се земат предвид и обврските кои ги има соседна Грција а кои не се исполнети.

“Исто така, сакаме да нагласиме дека процесот на европски интеграции продолжува да биде наш важен приоритет. Ние сме уверени дека нашиот напредок и придонес кон регионалната стабилност и безбедност, како и нашата посветеност на реформите, ќе бидат правилно оценети и вреднувани од страна на Европската унија.“се вели во реакцијата на Владата.

Грчкиот премиер Мицотакис за наводното прекршување на Договорот од Преспа од македонските државни институции го информирал и Евриопскиот Совет.

Денеска грчкото МНР ја обвини Северна Македонија за иредентизам тврдејќи дека политичкото раководство на Северна Македонија Грција се оддалечува од добрососедските односи.

„Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа. Понатаму, се враќа на минатите постапки кои укажуваат на иредентизам и целосно непознавање на историјата. Раководството на Северна Македонија се повеќе се оддалечува од добрососедските односи кои го сочинуваат јадрото на европското законодавство и меѓународното право “, се вели во соопштението на МНР.

Претседателката на Северна Македонија Гордана Силјановска вчера на X објави дека се сретнала со делегација на етнички Македонци од „Егејска Македонија“, во врска со северниот грчки регион Македонија.

Со Договорот од Преспа од 2018 година уставното име на државата се смени од Република Македонија во Република Северна Македонија. Тоа го отвори патот за нејзиното членство во НАТО.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Милановиќ му ги одзеде одликувањата на Главаш по пресудата за воени злосторства
Куртулмуш повика на сеопфатни реформи низ целиот исламски свет
Данска: Разговорите за Гренланд со САД би можеле да завршат со договор до крајот на годината
Лавров: Русија нема да се согласи на примирје во Украина заради мировни преговори
Трамп му рекол на Нетанјаху: „На сите Евреи им е преку глава од тебе“
Ердоган: Мирот ќе преовлада и покрај израелските провокации
Радев: Американските воени авиони го напуштаат аеродромот во Софија кон крајот на месецот
Заврши судењето на Нетанјаху за корупција по 98 судски рочишта
Рубио ја потврди посветеноста на САД за ОАЕ и заливските земји по војната со Иран
Убиено палестинско дете во израелските напади врз Газа
Трамп: Преговорите со Иран ќе завршат ако воведат давачки за бродовите
Русија најави нова рунда разговори со САД до крајот на летото
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија