| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Премиерот Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра
„Средствата се наменети за капитални инвестиции, вклучувајќи училишта, градинки, водоводи, канализации и патна инфраструктура. На овој начин, реално го подобруваме животот на граѓаните и ја ставаме државата во функција на нивните потреби.“
Премиерот Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра
Премиерот Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра / Others

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави нова иницијатива за развој на општините во земјата преку обезбедување на 250 милиони евра од Буџетот за развој и капитални проекти. Овој план е дел од напорите на Владата да ја подобри инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните.

„Ветивме развој на општините и сега го остваруваме тоа преку обезбедување на 250 милиони евра за инфраструктурен развој“, истакна Мицкоски на својот официјален Фејсбук профил.

На работниот состанок со министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска и министерот за локална самоуправа, Златко Перински, беше утврден начинот на кој ќе се распределат средствата за општините.

Според најавите, по ребалансот и одлуката на Владата кон крајот на идниот месец, Министерството за локална самоуправа ќе објави повик до сите општини да аплицираат за овие средства.

„Средствата се наменети за капитални инвестиции, вклучувајќи училишта, градинки, водоводи, канализации и патна инфраструктура. На овој начин, реално го подобруваме животот на граѓаните и ја ставаме државата во функција на нивните потреби“, додаде премиерот. Оваа иницијатива е дел од поголемиот план на Владата за подобрување на животниот стандард на граѓаните и развој на локалните заедници.

„Време е државата да направи повеќе за секој еден граѓанин. Со целата енергија работиме на реализација на ветеното“, заврши Мицкоски.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Муцунски од Софија: Ние сме заложник на една непринципиелна блокада на нашиот европски пат
Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Османи: Без брзо формирани институции, сонот на Косово за НАТО и ЕУ останува далеку
По 12 години, Северна Македонија и Туркије го враќаат на високо ниво дијалогот за патниот транспорт
Растат трошоците за живот
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
БиХ и Хрватска потпишаа договор за граничните премини
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Балкан Експо 2026 во Сараево собира повеќе од 100 компании од прехранбениот и земјоделскиот сектор
Макрон пристигна во Црна Гора, го пречека претседателот Милатовиќ
Парламентот на Словенија ја изгласа владата на Јанез Јанша
Германија и Франција предлагаат постепена интеграција во ЕУ на Западен Балкан и Молдавија