СПОРТ
5 МИН ЧИТАЊЕ
ЕУРО: Убедлива победа на Холандија против Романија
Холанѓаните во овој меч влегоа како очигледни фаворити, иако натпреварувањето го завршија на третото место во групата, а Романците се пласираа во осминафиналето како првопласирани во својата група, но со само една победа во 13 меѓусебни натпревари
ЕУРО: Убедлива победа на Холандија против Романија
Двоен стрелец за Холандија беше Мален, кој влезе во игра во вториот дел / Photo: AA
2 јули 2024

Холандските фудбалери станаа седмата селекција што се пласираше во четвртфиналето на ЕУРО во Германија, откако во осминафиналето одиграно во Минхен ја совладаа романската репрезентација со 3:0 (1:0).

Водечкиот гол за Холанѓаните го постигна Коди Гакпо во 20. минута. Истиот играч асистираше за голот на Мален во 83. минута, а холандскиот напаѓач во третата минута од судиското надополнување ги постави конечните 3:0.

Холанѓаните во овој меч влегоа како очигледни фаворити иако натпреварувањето го завршија на третото место во групата, а Романците се пласираа во осминафиналето како првопласирани во својата група.

Билансот во меѓусебните мечеви беше во голема мера на страната на Холандија, бидејќи Романија успеа да победи само еднаш во 13 натпревари.

Сепак, без разлика на историјата на нивните дуели и мислењето на повеќето стручњаци, Романците на почетокот од дуелот во Минхен наметнаа прилично висок и силен притисок врз холандската одбрана.

Најдобрата ситуација пред холандскиот гол ја создадоа избраниците на Едвард Јорданеску во 14. минута. По еден соло пробив, Денис Ман реши да шутира од работ на шеснаесетникот, топката помина над гредата. Освен една ситуација кога Мемфис Депај изби пред романскиот голман Флорин Нита, но претходно беше во офсајд, Холанѓаните не се видоа многу во првите 15 минути од натпреварот.

А потоа во 20. минута Холандија поведе. Холанѓаните долго време комбинираа, се обидуваа да ја протнат топката во средината од фазата на одбрана, што не беше лесно преку густо поставената романска зона.

Но Чави Симонс ја прими топката на околу 40 метри од голот, сврте и веднаш тргна на левата страна кон Коди Гакпо. Романците го оставија Андреј Ратиу сам против крилниот напаѓач на Ливерпул, што брзоногиот Гакпо го искористи.

Со една промена на насоката го скрши романскиот дефанзивец, ослободи доволно простор за шут со десната нога, а од 15-16 метри дијагонално шутираше од левата страна кон просторот кај стативата.

Флорин Нита остави доволно простор што не успеа да го запре прецизниот и моќен удар на најдобриот холандски стрелец на ова ЕП, кој со тоа стигна до својот трет гол на турнирот.

Голот ги раздвижи Холанѓаните, кои до крајот на полувремето се најдоа во неколку можни ситуации да го зголемат водството. На полувремето Роналд Куман го остави Стивен Бергвијн во соблекувалната и го внесе Дониел Мален, со што стави до знаење дека неговиот тим ќе оди на вториот гол и ќе обезбеди пласман во четвртфиналето.

Холанѓаните се изнапромашуваа, а немаа ни среќа. Така, во 58. минута Вирџил ван Дијк со глава од десет метри ја погоди стативата. Во 62. минута нов обид на Коди Гакпо беше сопрен од романскиот голман Нита, а една минута подоцна Гакпо ја испрати топката во мрежата, но ВАР утврди дека е офсајд.

Во 68. минута Депај се закани со слободен удар, но топката мина право покрај стативата и заврши во гол-аут. Конечната разврска на натпреварот се случи во 83. минута. Депај одлично се снајде по левото крило и ја упати топката до Гакпо.

Тој се затрша кон гол-линијата покрај Драгушин. Романскиот дефанзивец мислеше дека топката е пребрза и дека Гакпо ќе излезе надвор од теренот, но Холанѓанецот одлично се снајде, ја турна топката од линијата кон Мален, кој од неколку метри ја турна во мрежата.

Во самиот финиш на дуелот, Мален во соло акција мина двајца романски дефанзивци и ладнокрвно го совлада Нита од 11 метри за конечни 3:0.

Во четврт-финалето Холандија го чека победникот од последниот осминафинален натпревар во кој во Лајпциг се среќаваат Австрија и Туркије (21 ч.).

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Масар Омерагиќ именуван за член на Олимпискиот комитет на ФИФА
НБА кошаркари и тренер уапсени во акција на ФБИ против нелегално коцкање
180 навивачи на Наполи протерани од холандски град пред Лигата на шампионите
Турската нуркачка Шахика Ерџумен ѝ го посвети на Газа новиот светски рекорд во нуркање
Протести против Израел и судири со полицијата во Удине пред фудбалскиот натпревар со Израел
САД со проект од 500 милиони долари ќе ги штити од дронови стадионите на Мундијалот во 2026 година
Милевски: Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел
Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер милијардер
Јувентус одби 66 милиони евра за Јилдиз
Лига на шампиони: ПСЖ со гол во 90. минута ја победи Барселона
Лига на шампиони: Галатасарај го победи Ливерпул во Истанбул
ФИФА ја казни Србија со 85 000 евра и 20 проценти помалку гледачи на натпреварот против Албанија
Инфантино: Плачам кога гледам мајки како плачат, во Газа, Украина, Судан, Либија
Усман Дембеле ја освои  Златната топка
ЛШ: Сити со фубалер повеќе го победи Наполи, Барселона славеше во Њукасл
Лига на шампиони: Ливерпул го победи Атлетико во судиското продолжение
ЛШ: Јувентус со пресврт до реми против Борусија, Реал со два пенала и играч помалку го победи Марсеј
Дуплантис постави нов светски рекорд на СП во Токио
Германија го освои Евробаскетот 2025 во спектакуларно финале против Туркије
Турскиот тинејџер Гурел го изненади светскиот шампион во шах Гукеш