3 јули 2024
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера се состана со саудискиот министер за одбрана Калид бил Селман ал Сауд во претседателскиот комплекс во Анкара, објави турскиот Директорат за комуникации.
На состанокот зад затворени врати присуствуваше и турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер.
ПРЕПОРАЧАНО
Односите меѓу двете земји се подобрија во текот на последниве години. Ердоган ја посети Саудиска Арабија во јули по неговиот повторен избор за претседател во јуни 2023 година. Тој исто така ја посети Саудиска Арабија во ноември истата година за да присуствува на заедничкиот самит на Организацијата за исламска соработка и Арапската лига, при што беше разговарано за војната во Газа.
ИЗВОР:AA

















