| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Јермак: Украина не е подготвена на компромис со Русија
Началникот на кабинет кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак истакна дека Украина ќе ги послуша сите совеѕи за праведен мир но нема да отстапи од било кој дел од нејзината територија за да се стави крај на војната
Јермак: Украина не е подготвена на компромис со Русија
Украина нема да отстапи дел од нејзината територија / Photo: Reuters / Reuters

Украина не е подготвена да постигне компромис со Русија и да отстапи од кој било дел од својата територија за да стави крај на војната, изјави началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак.

Јермак ова го изјави вчера во Вашингтон, одговарајќи на новинарско прашање за неговиот коментар за изјавата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека може брзо да го прекине конфликтот во Украина доколку биде избран за претседател на САД во ноември.

Јермак рече дека Украина ќе ги послуша сите совети за да постигне, како што наведе, праведен мир, но дека не може да прави компромиси кога станува збор за независноста, слободата, демократијата, територијалниот интегритет и суверенитет.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе стави крај на војната доколку Киев се согласи да предаде четири украински региони на истокот и југот на земјата што Русија ги анектираше.

Јермак е во посета на Вашингтон пред самитот на НАТО следната недела во главниот град на САД каде се очекува Украина да биде главна тема.

Досега, САД испратија воена помош за Украина во износ од повеќе од 50 милијарди долари.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера изјави дека САД наскоро ќе објават повеќе од 2,3 милијарди долари нова воена помош за Украина.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туркије: Меѓународната заедница мора да преземе чекори против загрозувачките постапки на Израел
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички