ЕУРО: Франција подобра од Португалија во пенал рулетот
Португалија и Франција регуларниот дел од натпреварот го одиграа без голови, а при изведувањето на пенали подобри беа Французите (5:3), кои во полуфиналето ќе играат против Шпанија
Француската фудбалска репрезентација е вториот полуфиналист на овогодинешното Европско првенство, откако во четвртфиналето во Хамбург по изведување пенали ја елиминира Португалија.
Португалија и Франција регуларниот дел од натпреварот го одиграа без голови, а во судиското продолжение избраниците на Роберто Мартинез имаа повеќе шанси за гол.
При изведувањето на пенали подобри беа Французите (5:3), кои во полуфиналето ќе играат против Шпанија, која претходно денеска ја совлада Германија со 2:1 по продолженија.
Вториот полуфинален пар ќе биде познат утре по натпреварите Англија-Швајцарија и Туркије-Холандија.
Натпреварот во Хамбург не беше претерано атрактивен, особено во првиот дел, но се беше надоместено со пеналите, во кои единствен непрецизен беше Жоао Феликс.
Неговиот обид заврши на стативата, а Франција ги постигна сите пет удари од белата точка.
Во пенал рулетот први шутираа Французите, а еве како се одвиваше пенал-рулетот:
Дембеле погодува за 1:0 за Франција
Роналдо погодува за 1:1
Фофана погодува за 2:1 за Франција
Силва погодува 2:2
Кунте погодува за 3:2 за Франција
Жоао Феликс шутира во статива
Баркола погодува за 4:2 за Франција
Нуњо Мендеш погодува за 4:3
Тео Ернандес погоди за 5:3 и победа на Франција