| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Мицкоски: Ќе бидеме дел од одбележувањето на 75 години од НАТО
„Следниве неколку дена во Вашингтон и во Њујорк ќе престојува владина делегација која што ќе ја предводам јас. Ќе бидеме дел од настанот кој што ќе прославува 75 години од постоењето на НАТО алијансата“, истакна премиерот Мицкоски.
Мицкоски: Ќе бидеме дел од одбележувањето на 75 години од НАТО
Мицкоски: Ќе бидеме дел од одбележувањето на 75 години од НАТО / Others
7 јули 2024

Делегација на македонската Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе биде дел од одбележувањето на 75 години од НАТО.

„Голем поздрав од Вашингтон. Следниве неколку дена во Вашингтон и во Њујорк ќе престојува владина делегација која што ќе ја предводам јас, а во нејзин составен дел се и министрите за надворешни работи, внатрешни работи и одбрана. Ќе бидеме дел од настанот кој што ќе прославува 75 години од постоењето на НАТО алијансата“, истакна премиерот Мицкоски во видео обраќање коешто го објави Владата.

Тој потенцираше дека а ќе има голем број билатерални средби кои што ќе ги има заедно со државниците на земји кои што се членки на НАТО алијансата, во деновите кои што следат. Исто така, Мицкоски додаде дека во деновите кои следат ќе има средби со „бизнис заедницата во САД, каде што ќе ги презентира потенцијалите кои што ги нуди Македонија за инвестирање.“

„Ќе најавам уште една нова странска инвестиција на компанија која што е дел од листата на најголемите 500-тини компании овде во САД, нови десетици милиони евра инвестиција и нови работни места за македонските граѓани. Тоа е она кое што преставува основен приоритет на новата влада во Македонија. Би сакал исто така да напоменам дека последните денови во Њујорк ќе ги искористам за средба со македонската дијаспора, македонските исселеници. Би сакал од нив да слушнам што е она што тие го очекуваат од новата влада и нормално, што е она што новата влада ќе го понуди за да можат нашите исселеници да се вратат дома, во нивната татковина, таму да инвестираат и практично да ги избегнат сите оние пречки кои што беа изминатиот период со кои тие се соочуваа при своето доаѓање назад во својата татковина“, рече Мицкоски.

„Уште еднаш да се заблагодарам на македонската јавност што не следи изминатиот период и да ја охрабрам дека доаѓаат нови убави моменти за македонските граѓани. Ние на најдостоинствен начин, како што ни прилега, ќе ги претставуваме интересите на граѓаните и државата овде во Вашингтон , а потоа и во Њујорк“, нагласи Мицкоски.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната