| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Израелски тим во Египет на разговори со Хамас за размена на заложници
Египет, Катар и Соединетите Американски Држави (САД) со месеци се обидуваат да обезбедат прекин на огнот и ослободување на 120-те преостанати заробеници во Газа, но безуспешно
Израелски тим во Египет на разговори со Хамас за размена на заложници
Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива / Photo: AA / AA
8 јули 2024

Шефот на израелската служба за безбедност Шин Бет, Ронен Бар, ја предводи преговарачката делегација која денес отпатува во Египет за да ги продолжи разговорите со Хамас за можна размена на заложници и договор за прекин на огнот во Појасот Газа, објавија израелските медиуми, јавува Анадолу.

„Ронен Бар отпатува во Египет за да ги продолжи разговорите за потенцијален прекин на огнот и договор за заложници со Хамас“, пишува израелскиот весник „Хаарец“.

Се додава дека Бар ќе разговара за спречување на шверцот на оружје во Појасот Газа од египетската граница.

Египет, Катар и Соединетите Американски Држави (САД) со месеци се обидуваат да обезбедат прекин на огнот и ослободување на 120-те преостанати заробеници во Газа, но безуспешно.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа од 7 октомври минатата година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во израелските напади се убиени повеќе од 38.150 Палестинци, главно жени и деца.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната