| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Турската силна одбрана може да го запре Израел во војната во Газа
Како што влеговме во Карабах, како што влеговме во Либија, можеме да им го направиме истото, нема причина да не го направиме тоа, само треба да бидеме силни за да можеме да ги преземеме овие чекори, рече Ердоган
Ердоган: Турската силна одбрана може да го запре Израел во војната во Газа
Ердоган, исто така, повтори дека Туркије ги прекина сите свои трговски и дипломатски врски со Тел Авив како одговор на злосторствата на Израел во Газа / Photo: AA / AA
29 јули 2024

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека силниот напредок на Анкара во одбрамбената индустрија ѝ овозможува да ги се спротистави на бруталните напади на Израел врз Палестинците, реферирајќи на минатите турски акции во Карабах и Либија .

Говорејќи во неговиот роден град во североисточната провинција Ризе во неделата, Ердоган го истакна напредокот на Туркије во одбранбената индустрија и изрази уверување за понатамошен напредок.

„Како што влеговме во Карабах, како што влеговме во Либија, можеме да им го направиме истото. Нема причина да не го направиме тоа. Само треба да бидеме силни за да можеме да ги преземеме овие чекори“, рече Ердоган.

Ердоган, исто така, повтори дека Туркије ги прекина сите свои трговски и дипломатски врски со Тел Авив како одговор на злосторствата на Израел во Газа.

Во врска со посетата на претседателот на Палестинската национална управа, Махмуд Абас на Туркије, Ердоган изјави дека Анкара го поканила, но Абас не можел позитивно да одговори на поканата.

„Следниот процес ќе го спроведеме соодветно“, додаде Ердоган.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
Туркије предупредува дека војната на Блискиот Исток може да се прошири, повикува на дипломатија
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан