| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Прва жртва на пожарите, изгореа десетина куќи во светиниколско
Се обидуваме да ги локализираме пожарите на начин што ќе ги заштитиме сите населени места, во текот на ноќта ќе се продолжи со обезбедување со тешка механизација на сите села што можат да бидат зафатени од пожарите, изјави вчеравечер Ангелов
Прва жртва на пожарите, изгореа десетина куќи во светиниколско
Според ЦУК, при евакуацијата дел од жителите на селото Немањци, светиниколско, не сакале да ги напуштат куќите / Photo: Центар за управување со Кризи
30 јули 2024

Едно повозрасно лице загина во кумановското село Кокошиње, поради задушување од чад, во пожарот што вчера го зафати ова село, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Додаде дека сопругата на починатиот била успешно евакуирана.

„Денеска гори цела Источна Македонија. Пожар се движи и кон градот Свети Николе. Се надеваме дека пожарот ќе го пресечеме доволно далеку од градот, со цел истиот да не дојде до објектите што се дел од предградието“, изјави вчера вечер Ангелов, посочувајќи дека пожарите поради ветрот брзо се шират, а зафатија околу 12 села, каде изгореа и многу куќи, дел од нив стари, но и нови.

„Се обидуваме да ги локализираме пожарите на начин што ќе ги заштитиме сите населени места. Во текот на ноќта ќе се продолжи со обезбедување со тешка механизација на сите села што можат да бидат зафатени од пожарите“, вели тој.

Според него, при евакуација на жителите, имале проблем со дел од жителите на селото Немањци, светиниколско, што не сакале да ги напуштат куќите.

Пожарот во Светиниколскиот регион избувнал попладнето и брзо се проширил во три села и опожарени се стари куќи, но и куќи во кои живее месно население во селата Немањици и Малино.

„За жал имаме изгорени куќи, повеќе од куќите во село Немањици се стари и напуштени, но овде имаме зафетено и куќи во кои живее месното население. Зафатени села со пожарите се и на територија на Општина Куманово, три села и тоа село К’шање, Кокошино и Мургаш, каде што претежно има викендици. На територија на Општина Старо Нагоричане три села Малотино, Ригињци и Коњух, потоа во Општина Свети Николе Немањици, Орел и Малино. Во суштина овој пожар во село Немањици, каде што се наоѓаме сега започна од селото Орел, кој изби некаде на сред село и тргна наваму со голема брзина“, рече Ангелов.

Посочи дека во Општина Пробиштип се зафатени две села: Горно Барбарево и Стрицовци, додека на територија на Општина Штип е зафатено село Стар Караорман. Тој додаде дека според досегашните информации дел од овие пожари се ставено под контрола.

Од МВР информираа денеска двата хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваа на повеќе места каде што имаше пожари од поголем обем и беа загрозени неколку села, каде што гореа и куќи.

„Хеликоптерот Бел 412 исфрли 10 тони вода врз пожарот во с.Малино, а потоа продолжи да дејствува врз пожарот кај с.Немањица. Хеликоптерот Ми 171 исфрли над 40 тони вода во 18 налети врз пожарот во с. Немањица“, рекоа од МВР.

На територијата на државата вчера имаше вкупно 42 пожари на отворено.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот
Трамп: Новото раководство на Иран бара прекин на огнот
Германија ги намалува загриженостите околу заканата на Трамп за напуштање на НАТО
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Ердоган: Израел првенствено е одговорен за незаконската војна со Иран
Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО
Техеран има 4 барања до САД и Израел за постигнување траен мир на Блискиот Исток
Иран ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони стационирани на аеродромот во Софија
Зеленски: Русија бара повлекување на Украина од Донбас во рок од два месеци
Хамнеи: Иран ветува континуирана поддршка на Хезболах во борбата против САД и Израел
Хутите тврдат дека извршиле ракетен напад врз Израел заедно со Иран и Хезболах