| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Во свлечиште во Индија загинаа најмалку 84 лица
Синоќешните големи свлечишта беа предизвикани од монсунските дождови, а само во селото Чооралмала уништени се најмалку 200 куќи
Во свлечиште во Индија загинаа најмалку 84 лица
Најмалку 116 повредени лица се згрижени во болниците / Photo: AA / AA
30 јули 2024

Најмалку 84 лица загинаа во лизгањето на земјиштето во сојузната држава Керала на југот на Индија.

Во тек е голема операција за пребарување и спасување во округот Вајанад, каде се стравува дека стотици луѓе се заробени под свлечиштето.

Најмалку 116 повредени лица се згрижени во болниците.

Синоќешните големи свлечишта беа предизвикани од монсунските дождови, а само во селото Чооралмала уништени се најмалку 200 куќи.

Индиската војска и воздухопловните сили се ангажирани во операциите за пребарување и евакуација на населението.

Војската е ангажирана и на изградбата на привремен мост со оглед на тоа што главниот мост во подрачјето е урнат.

Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека е тажен поради катастрофата.

„Во моментов се во тек спасувачките операции за да им се помогне на сите погодени“, додаде Моди и вети помош од федерално ниво.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот
Трамп: Новото раководство на Иран бара прекин на огнот
Германија ги намалува загриженостите околу заканата на Трамп за напуштање на НАТО
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Ердоган: Израел првенствено е одговорен за незаконската војна со Иран
Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО
Техеран има 4 барања до САД и Израел за постигнување траен мир на Блискиот Исток
Иран ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони стационирани на аеродромот во Софија