| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Туркије најостро го осуди атентатот врз Исмаил Ханије
Најостро го осудуваме масакрот во кој беше убиен шефот на политичкото крило на Хамас, Исмаил Ханије, како резултат на гнасен атентат во Техеран, соопшти турското Министерство за надворешни работи
Туркије најостро го осуди атентатот врз Исмаил Ханије
Министерството упати сочувство до народот на Палестина, кој за да живее на својата земја, во мир и во својата држава веќе даде стотици илјади жртви / Photo: AA / AA
31 јули 2024

Министерството за надворешни работи на Република Туркије најостро го осуди атентатот во кој во Техеран беше убиен лидерот на политичкото крило на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханије.

„Најостро го осудуваме масакрот во кој беше убиен шефот на политичкото крило на Хамас, Исмаил Ханије, како резултат на гнасен атентат во Техеран“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Министерството упати сочувство до народот на Палестина, кој за да живее на својата земја, во мир и во својата држава веќе даде стотици илјади жртви, како Ханијe.

Во соопштението уште еднаш се посочува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата администрација немаат намера да постигнат мир.

„Овој напад има цел да ја прошири војната од Газа во поширокиот регион. Ако меѓународната заедница не направи ништо за да го запре Израел, регионот ќе се соочи со многу поголеми конфликти. Туркије ќе продолжи да ги поддржува правилните напори на народот на Палестина“, се истакнува во соопштението.

Палестинското движење Хамас потврди дека нивниот лидер Исмаил Ханије е убиен утрово во воздушен напад во Техеран.

Во соопштението се наведува дека Израел извршил напад во кој е убиен Ханије, политичкиот водач на палестинското движење.

Исмаил Ханије престојувал во Техеран за да учествува на церемонијата на инаугурација на новоизбраниот ирански претседател Масуд Пезешкијан.

Иранската државна телевизија претходно објави дека лидерот на Хамас, Ханије, бил убиен во терористички напад врз неговата резиденција во главниот град на Иран.

Ханије беше избран за шеф на Политичкото биро на Хамас на 6 мај 2017 година, при што го замени Халид Мешал.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири