Израелски бомбардер нападна возило во Газа, загинаа најмалку 10 Палестинци
Локален извор изјави за Анадолу дека цел на нападот било возило во движење, кое било нападнато на влезот во градот Завејда, а во нападот уште најмалку три лица се ранети
Најмалку десет Палестинци загинаа во израелски воздушен напад во внатрешноста на блокираниот Појас Газа.
Локален извор изјави за Анадолу дека цел на нападот било возило во движење во Завејда.
Возилото било нападнато на влезот во градот, а во нападот уште најмалку три лица се ранети.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел од 7 октомври врши континуирани напади врз Појасот Газа, при што загинаа најмалку 39.445, а беа ранети повеќе од 91.000 Палестинци.
Израел беше обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.