Од Игор Шегавиќ
1 август 2024
Либанското движење Хезболах во средата потврди дека истакнатиот командант Фуад Шукр бил убиен вo вторникот во воздушен напад во Бејрут.
Хезболах претходно соопшти дека Шукр бил во зградата за време на воздушниот напад, но не можеа да ја потврдат смртта пред да се провери под урнатините.
Во нападот загинаа најмалку четири лица, а 80 се повредени. Израелската армија потврди дека во вторникот вечерта извршила напад во јужните предградија на Бејрут.
ПРЕПОРАЧАНО
Израел тврди дека Шукр бил мозокот на саботниот ракетен напад врз Мајдал Шамс, во окупираната Голанска Висорамнина, во кој загинаа 12 лица.
Хезболах негираше каква било одговорност за смртоносниот напад.
ИЗВОР:AA















