| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
ПЛО: Војната на Израел против Газа има за цел да ги истреби Палестинците
Генералниот секретар на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација, Ал Шеик, ја нагласи потребата да се запре злосторничката војна во Појасот Газа
ПЛО: Војната на Израел против Газа има за цел да ги истреби Палестинците
ПЛО: Војната на Израел против Газа има за цел да ги истреби Палестинците / Photo: AA Archive / AA Archive
26 август 2024

Хусеин Ал Шеик, генерален секретар на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), изјави дека израелската војна во Газа има за цел да ги истреби и расели Палестинците од нивната земја.

Во објавата на социјалната мрежа Х по средбата во Рамала со турскиот генерален конзул во Палестина Исмаил Чобаноглу, Ал Шеик ја нагласи потребата да се запре злосторничката војна во Појасот Газа, која има за цел да го истреби и расели палестинскиот народ, како и потребата од заштити Западниот Брег од израелските напади.

Тој изрази благодарност до Република Туркије, до нејзиното раководство и до народот, за поддршката што им ја дава на палестинскиот народ и раководство.

Ал Шеик потсети и на неодамнешниот говор на палестинскиот претседател Махмуд Абас во турскиот парламент, во кој тој ја објави својата одлука да оди во Појасот Газа заедно со целото палестинско раководство.

Генералниот секретар на ПЛО најави формирање на комитет за подготовка на посетата на Абас на Газа, истакнувајќи дека е воспоставена комуникација со меѓународната заедница за поддршка на овој чекор.

Генералниот конзул Чобаноглу рече дека иницијативата за посета на Газа и Кудс (Ерусалим) се важен и храбар чекор.

Како што се наведува во соопштението, турскиот генерален конзул ја истакнал потребата од обединување на палестинските фракции заради националниот интерес.

Абас ги повика лидерите на арапските, исламските и пријателските земји, како и генералниот секретар на ОН, да му се придружат во неговата планирана посета за да ја запрат агресијата на Израел врз Газа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири