| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Приведени терористи во Туркије, помагачи на бараниот терорист Адил Оксуз
Осомничените со иницијали Џ.Ј и А.Х. се обиделе за избегаат од возило запрено поради полициска контрола во квартот Бејликдузу во Истанбул, но биле фатени по спроведената потера
Приведени терористи во Туркије, помагачи на бараниот терорист Адил Оксуз
Приведени терористи во Туркије, помагачи на бараниот терорист Адил Оксуз / Photo: AA / AA
26 август 2024

Приведени се тројца терористи на ФЕТО што му помогнаа на Адил Оксуз, т.н. имам на ФЕТО во турските вооружени сили, да ја напушти Туркије по неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година.

Осомничените со иницијали Џ.Ј. и А.Х. се обиделе да избегаат од возило запрено поради полициска контрола во истанбулскиот кварт Бејликдузу, но биле фатени по спроведената потера.

При прегледот на регистарската табличка на возилото од кое се обиделе да избегаат, констатирано е дека возилото му припаѓа на лице со иницијали А.Б. кој потоа бил приведен во неговата резиденција.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за државен удар во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година, а станува збор за терористичка организација предводена од Фетулах Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Туркије ја има официјално побарано од САД.

Припадниците на таа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење испити за државни вработувања, успевајќи да се инфилтрираат во државните институции. Потоа, прво во декември 2013 година, поддржувачите на ФЕТО во судството на Туркије се обидоа да гонат голем број високи функционери со монтиран судски процес за наводна корупција.

Неколку години подоцна следуваше крвав обид за пуч од страна на терористите на ФЕТО, односно обид за државен удар на офицери што ФЕТО ги инфилтрираше во турската армија.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа што претставува опасност не само за Туркије туку и за секоја друга земја каде што е активна. Турските власти секојпат укажуваат на тоа. За време на обидот за државен удар во Туркије животот го загубија 253 лица, а повеќе од 2.730 беа ранети.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири