Израел: САД испратија над 50.000 тони воена опрема за нападите врз Газа
„500-тиот авион во заедничката воздушна операција слета во Израел“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Израел соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) досега испорачале повеќе од 50 илјади тони воена опрема за нападите извршени врз Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.
„500-тиот авион во заедничката воздушна операција слета во Израел“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Се вели дека новиот авион за снабдување е дел од големиот логистички напор што започна со избувнувањето на војната.
„Преку оваа операција, над 50.000 тони воена опрема се испорачани во Израел преку 500 летови и 107 поморски пратки“, се вели во соопштението.
„Опремата што се набавува и транспортира вклучува оклопни возила, муниција, опрема за лична заштита и медицинска опрема, кои се клучни за одржување на оперативните способности на израелската Aрмија за време на тековната војна“, додаде Министерството.
Од војната во Газа пред повеќе од 10 месеци, САД обезбедија силна дипломатска, разузнавачка и воена поддршка на својот сојузник Израел.
Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас минатиот 7 октомври, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот.
Според локалните здравствени власти, во нападите се убиени над 40.400 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 93.000 се повредени.
Тековната блокада на Газа доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, оставајќи голем дел од регионот во урнатини.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнениот напад врз градот на 6 мај.