| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Дузина израелски војници одбиле да се вратат во војната во Газа
Семејствата на дел од војниците рекле дека нивните синови се принудени да учествуваат во копнената операција во Газа или ќе одат в затвор
Дузина израелски војници одбиле да се вратат во војната во Газа
Слични нешта се случуваат и во другите баталјони што се борат во Појасот Газа / Фото: AA / AA
29 август 2024

Дваесет израелски војници одбиле да се вратат во војната во Појасот Газа, при што некои од нив биле предупредени дека ќе бидат пратени на воен суд доколку не го сторат тоа.

Израелската државна телевизија КАН објави дека оваа недела околу 20 војници од израелската пешадиска бригада побарале да не се вратат во судирите во Газа.

Во веста во која се вели дека приближно 10 војници на 27 август добиле известување дека ќе им се суди за одбивање воена наредба доколку не се согласат да се вратат во Појасот Газа, некои од војници рекле дека нема да се вратат во Газа, каде што судирите траат веќе 10 месеци, но подготвени се да извршуваат други задачи.

Телевизијата КАН објави дека слични нешта се случуваат и во другите баталјони што се борат во Појасот Газа, а семејствата на дел од војниците рекле дека нивните синови се принудени да учествуваат во копнената операција во Газа или ќе одат в затвор.

На оваа тема неименуван армиски портпарол за телевизијата КАН рекол дека командантите што се на должност во армијата вложиле максимални напори да ги поддржат и да им помогнат на војниците да продолжат да извршуваат различни оперативни задачи.

Портпаролот истакнал дека нема да бидат изречени кривични санкции, вклучително и затворски казни за војниците.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
Туркије предупредува дека војната на Блискиот Исток може да се прошири, повикува на дипломатија
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан