| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Баербок: Не се исклучени ЕУ санкции за екстремните израелски министри
Баербок нагласи дека насилството од екстремистичките доселеници и коментаритe на израелските екстремно десничарски министри не се опасност само за Палестинците туку и закана за безбедноста на Израел
Баербок: Не се исклучени ЕУ санкции за екстремните израелски министри
Аналена Баербок министерка за надворешни работи на Германија / Фото: DPA / DPA
30 август 2024

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок не ја исклучи можноста за воведување санкции за израелските екстремно десничарски министри, но подвлече дека за тоа ќе биде потребна едногласна одлука на земјите-членки на Европската унија (ЕУ), известува Анадолу.

Говорејќи пред новинарите во Брисел, пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, Баербок изрази голема загриженост поради зголеменото насилство од страна на израелските екстремистички доселеници и коментарите на екстремно десничарските министри на Израел.

„Како Германија, ние секогаш силно ги критикувавме изјавите дадени од различни израелски министри во последниве месеци кога повикуваа на акти на насилство, кога овие изјави беа против меѓународното право, против Договорот од Осло“, рече таа.

Баербок нагласи дека насилството од екстремистичките доселеници и коментаритe на израелските екстремно десничарски министри не се опасност само за Палестинците туку и закана за безбедноста на Израел.

Запрашана дали Германија ќе го поддржи неодамнешниот предлог на шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, за воведување санкции за екстремно десничарските израелски министри, Баербок рече дека тоа ќе зависи од законските барања и конкретните обвинувања за овие политичари.

„Нашите насоки се законот, а тоа важи и за режимот на санкции. Како што беше случајот со санкциите за Русија, секој случај мора да се испита поединечно за да се види кои се обвинувањата и дали тие се доволни за да бидат вклучени во списокот со санкции. Ова, исто така, важи токму и за овде“, рече таа.

Но Баербок, исто така, предупреди дека за евентуални европски санкции за екстремно десничарските министри на Израел ќе биде потребна едногласна одлука од земјите членки на ЕУ.

Таа рече дека министрите ќе разговараат за ова прашање во четврток, меѓу другите точки на нивниот дневен ред, но нема да се донесе одлука бидејќи станува збор за неформален министерски состанок.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната