Кина остро се противи на европските тарифи за субвенционирани е-возила
Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија потегот на ЕУ го оквалификува како трговски протекционизам и предупреди да не се нарушуваат глобалните синџири на снабдување
Кина остро се спротивстави на тарифите против државните субенции за домашните електрични возила кои ги наметна Европската Унија, како одговор на ниските цени и нелојалната конкуренција на европските автомобилски производители.
Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија потегот на ЕУ го оквалификува како трговски протекционизам и предупреди да не се нарушуваат глобалните синџири на снабдување.
„Соработката, а не протекционизмот, е клучна за стабилноста на глобалната индустрија и климатските цели“, соопшти Советот.
Исто така, критикувајќи ги неодамнешните тарифи на Канада за кинеските електрични возила, од кинеска страна е посочено дека овој потег ќе ги поткопа глобалните трговски норми.
Претходно оваа недела, канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека неговата земја ќе воведе 100% царини за увоз на кинески електрични возила.