| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Туркије ќе го произведе својот прв брз воз
Брзиот воз, кој ќе го произведува ТУРАСАС (Турска железничка индустрија), ќе има максимална брзина од 225 километри на час, ќе има осум вагони, со капацитет од 584 патници
Туркије ќе го произведе својот прв брз воз
За изработка на возот целосно се користат домашните ресурси / Photo: AA / AA
9 септември 2024

Туркије ќе го произведе својот прв брз воз, а тестирањето ќе биде извршено следната година, потврди турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.

Тој изјави дека по завршувањето на фабричките статички тестови „домашниот брз воз ќе биде ставен на шините“.

„Нашиот брз воз, кој ќе го произведува ТУРАСАС (Турска железничка индустрија), ќе има максимална брзина од 225 километри на час. Ќе има осум вагони, со капацитет од 584 патници“, потврди Уралоглу.

Тој посочи дека за турскиот брз воз, кој е во производство, целосно се користат домашните ресурси. Уралоглу рече дека фазата на проектирање ќе биде завршена до последниот квартал од оваа година, а потоа ќе започне фазата на склопување.

„По завршувањето на фабричките статички тестови, домашниот брз воз ќе биде ставен на шините“, рече Уралоглу.

Турскиот министер рече дека брзиот воз е дизајниран да биде многу удобен. Тој нагласи дека овој национален проект за брз воз е многу важен чекор за иднината на Туркије.

„Нашите инвестиции во транспортот и инфраструктурата продолжуваат да даваат резултати. Туркије сега стана земја која дизајнира, произведува и развива железничка технологија. Почнавме да превезуваме патници со нашите електрични возови на 27 мај 2023 година. По нашиот национален електричен воз, го произведуваме и нашиот национален брз воз“, објасни Уралоглу.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот
Трамп: Новото раководство на Иран бара прекин на огнот
Германија ги намалува загриженостите околу заканата на Трамп за напуштање на НАТО
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Ердоган: Израел првенствено е одговорен за незаконската војна со Иран
Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО
Техеран има 4 барања до САД и Израел за постигнување траен мир на Блискиот Исток