| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Мицкоски: Мора да има општа согласност за стратешката цел, членството во ЕУ
Желбата на народот за членство во ЕУ е желба за подобар стандард, повисоки критериуми, повеќе пари и среден систем, ние како Влада и општество не смееме да отстапиме од европскиот пат, изјави Мицкоски на Свечената академија по повод 8 Септември
Мицкоски: Мора да има општа согласност за стратешката цел, членството во ЕУ
По повод Денот на независноста, Владата организираше свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ / Photo: Влада на РСМ / Влада на РСМ
9 септември 2024

По повод 8 Септември, Денот на независноста, Владата на Република Северна Макеоднија организираше свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“.

Свечената академија се одржа во Македонската филхармонија во Скопје. Прославата започна со интонирање на македонската химна од страна на детски хор.

На свечената програма се обрати Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

„Денеска сме исправени пред нова борба, еднакво значајна како создавањето на татковината. Тогаш владееше ентузијазам и голема енергија и одобрување на референдумот. Триесет и три години подоцна, многу работи се изменети, а сите ние повеќе искусни. Многу порази, многу неупсеси, потфрлања во системот”, рече Мицковски.

Претседателот на владата во својот говор пред преполната сала истакна:

„Мораме да имаме општа согласност за исполнување на стратешката цел, а тоа е членство во ЕУ. Немаме друга алтернатива, ниту постои друга реална шанса. Желбата на народот за членство во Унијата е желба за подобар стандард, повисоки критериуми, повеќе пари и среден систем. Ние како Влада и општество не смееме да отстапиме од европскиот пат.“

Во рамките на програмата беше прикажан видео спотот „Везилка“, кој вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески.

Програмата продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.

Во рамките на свеченоста беше прикажан и специјално подготвениот видео спот за независноста на Република Северна Македонија во кој се вклучени и архивски материјали од Референдумот во 1991 година.

Гаши организираше прием по повод 8 Септември

По повод „8 сепртември“, во петокот на 6 септември прием во Парламентот организираше претседателот на Парламентот на Република Северна Македонија, Африм Гаши. Во својот говор Гаши истакна:

„Свесен за важноста на независната држава, морам да кажам дека не постои поважен момент во историјата на една земја од нејзината самостојност. Затоа секогаш кога доаѓа 8 Септември се враќа емоцијата на задоволство и гордост што роденденот на оваа земја го одбележуваме во мир, во соживот меѓу различните народи кои живеат во оваа земја, во добрососедски односи и во сигурни патишта кон подобра развојна и евроатланстска перспектива.“

Доделени државните награди „8 Септември“ на полето на спортот

По повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, на 7 септември беа доделени државните награди „8 Септември“ на пет спортисти за нивниот исклучителен придонес и промоција на Република Северна Македонија во областа на спортот.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот
Трамп: Новото раководство на Иран бара прекин на огнот
Германија ги намалува загриженостите околу заканата на Трамп за напуштање на НАТО
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи