| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Палестинско МНР: Активистката е убиена по налог на израелски политичари
Палестинските власти истакнаа дека и новинарката Ширин Абу Аклех била убиена на сличен начин во 2022 година, а според Меѓународното движење за солидарност, 18 активисти се убиени од израелски истрели на Западниот Брег од 2020 година
Палестинско МНР: Активистката е убиена по налог на израелски политичари
Турско-американската активистка Ајшенур Езги Ејги беше убиена со снајпер од израелските сили за време на протестот против изградбата на нелегалните израелски населби во градот Беита / Photo: AA / AA
9 септември 2024

Палестинското Министерство за надворешни работи објави дека убиството на турско-американската активистка од страна на Израел на окупираниот Западен Брег е извршено по налог на израелски политичари.

Турско-американската активистка Ајшенур Езги Ејги беше убиена во петокот од страна на израелските сили за време на протестот против изградбата на нелегалните израелски населби во градот Беита во областа Наблус на окупираниот Западен Брег.

Палестинското МНР убиството на Ејги го нарече „Составен дел од злосторствата извршени од израелските окупаторски сили врз палестинскиот народ“.

Во соопштението се додава дека ваквите злосторства се директен резултат на извршувањето на инструкциите добиени од израелските политичари со цел да убиваат Палестинци и активисти.

Палестинското министерство наведе:

„Израелската влада е целосно одговорна за злосторството што ги потврдува нејзините однапред одредени планови за ескалација на ситуацијата со цел покривање на нејзините колонијални проекти ширум окупираните територии“.

Палестинските власти истакнаа дека и новинарката Ширин Абу Аклех била убиена на сличен начин во 2022 година.

Меѓународното движење за солидарност (ИСМ) предводено од Палестинци вчера објави дека турско-американската активистка намерно била земена за мета од страна на Израел.

Движењето соопшти дека Ејги стоела со други активисти за човекови права кога била застрелана во главата од снајперист. Од 2020 година, 18 активисти се убиени од израелски истрели во подрачјето на Беита.

Официјалната палестинска новинска агенција Вафа потврди дека жртвата е американски државјанин и волонтер во кампањата Фазаа, иницијатива која има за цел да ги поддржи и заштити палестинските земјоделци од постојаните прекршувања што ги прават израелските доселеници и војската.

Жителите на Беита одржуваат неделни протести по петочната молитва за да се спротивстават на изградбата на нелегалната израелска населба Авитар, која е поставена на планината Сбеих. Заедницата бара отстранување на нелегалната населба, која ја сметаат за прекршување на нивните права на земјиштето.

Тензиите ескалираа низ окупираниот Западен Брег во период кога Израел ја продолжува офанзивата врз Појасот Газа, во која од 7 октомври минатата година се убиени речиси 40.900 Палестинци, главно жени и деца.

Најмалку 691 лице се убиени, а повеќе од 5.700 се ранети од израелски истрели на Западниот Брег од 7 октомври, соопшти палестинското Министерство за здравство.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири