| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Разбиена меѓународна банда криумчари на мигранти
Лидерот на бандата, штипјанецот В.С. (39), заедно со У.Н. од Пакистан и непознато лице од Србија од септември лани до јуни годинава организирале шверц на мигранти од Блискиот Исток и од Африка
Разбиена меѓународна банда криумчари на мигранти
Полицијата уапси петмина членови на бандата, еден од претходно е во притвор, а уште еден е во бегство / Photo: Илустрација МВР
10 септември 2024

Петмина криумчари на мигранти се уапсени во денешната акција со кодно име „Кипер“, информираа од МВР и ЈОРСМ.

Акцијата е резултат на предистражна постапка што се спроведуваше од септември 2023 година до јуни годинава.

Станува збор за седумчлена меѓународна банда, која илегално пренесувала групи мигранти од Сирија и други земји од Блиски Исток и земји од Африка- Ирак, Конго

Лидер на криминалната група е В.С. (39) од Штип, кој ги организирал Д.Н. (28) од Злетово, Г.А. (52) од Пробиштип, В.Д. (50) од Србија, Д.Л. (46) и И.Л. (23) од Велес, У.Н.од Пакистан и засега непознато лице од Србија.

Според истрагата, штипјанецот заедно со Пакистанецот преку телефонска комуникација, користејќи телефонски броеви од српски мобилни оператории и преку социјални мрежи ja договарале локацијата и бројот на илегални мигранти за транспорт, кои претходно веќе пристигнале и одреден временски период престојувале на територијата Грција.

Потоа членовите на организираната криминална група ги прифаќале илегалните мигранти на локации во околината на Гевгелија и Дојран. Таму ги сместувале во специјално изработени импровизирани бункери, во делот за товар на товарните возила и ги превезувале до договорените локации во кумановско-липковскиот регион. По пристигнување, илегалните мигранти во организација на В.С. и засега непознато лице од Србија, биле времено сместувани и засолнувани во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку територијата на Србија кон државите на ЕУ.

Полицијата уапсила петмина, а Србинот В.Д. Од претходно е во притвор во КПУ Затвор Скопје за криумчарење мигранти, а каде при претрес затворските чувари му одзеле мобилен телефон.

Петмината осомничени денеска се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје и за истите предметниот обвинител ќе предложи определување на мерка притвор.

За другото лице кое е во бегство е определена мерката притвор во отсуство во друг кривично-правен настан.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната