Израелските воени авиони изведоа серија напади на југот на Либан

Израелската војска информираше дека во воздушните напади се изведени серија напади врз регионите Набатије, Мансури и Кефр Кела

By Адмир Фазлагиќ
Израелските воени авиони изведоа серија напади на југот на Либан /      Фото: АА Архива / Photo: AA Archive / AA Archive

Израелската војска од раните утрински часови спроведува воздушни напади врз градовите во јужниот дел на Либан.

Според информациите на очевидци, израелските воени авиони 17 пати гаѓале различни локации во градовите Зибкин, Ал Шајтије, Клајла, Мајдел Зун, Ханије и Тајр Харфа на југот на Либан.

Либанската официјална новинска агенција (ННА) објави дека причинета е голема материјална штета, особено на фармите и зградите во градот Клајла.

Додека израелските дронови летале над градот Бинт Џубејл, израелските сили го интензивирале пукањето со автоматско оружје кон регионите Алта ал Шаб и Рамија.

Израелската војска информираше дека се извршени воздушни напади врз команден центар и воен објект на Хезболах во регионите Набатија, Мансури и Кефр Кела.

Во судирите меѓу израелската војска и Хезболах на југот на Либан од 8 октомври минатата година загинаа 434 припадници на Хезболах.