| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Европол откри украдени германски делови за автомобили во магацин кај Софија
Рацијата била извршена во средината на овој месец и дека тоа е резултат на истрагата на германските власти, која била покрената по кражбата извршена во јуни 2024 година во логистичка компанија во Валерсдорф во германската покраина Баварија
Европол откри украдени германски делови за автомобили во магацин кај Софија
Вредноста на украдените делови е неколку милиони евра / Photo: Europol / EUROPOL
29 октомври 2024

Бугарската полиција во магацин во близина на Софија пронашла делови за автомобили на германски производител во вредност од неколку милиони евра, соопшти Европол.

Во соопштението се наведува дека рацијата била извршена во средината на овој месец и дека тоа е резултат на истрагата на германските власти, која била покрената по кражбата извршена во јуни 2024 година во компанија во Валерсдорф во германската покраина Баварија.

Тогаш била украдена поголема количина на делови за возила на германски производители.

Европол наведува дека крадците ги натовариле деловите на камиони со вилушкари, пред да ги пренесат во странство.

Забележано е дека германските истражители постигнале првичен напредок во истрагата со апсење и приведување на двајца романски државјани по серијата кражби во пекарници во Валерсдорф.

Во текот на истрагата се појавиле докази дека еден од осомничените, со помош на друг соучесник, бил вмешан во кражбата на логистичка компанија во Валерсдорф.

Истрагата ја откри и локацијата на украдените делови од возилата во Бугарија, по што германските истражители стапиле во контакт со Европол, се вели во соопштението.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната