| Macedonian
Вредноста на биткоинот надмина 86.000 долари
Крипто-пазарите позитивно реагираа на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, а бранот на многу добро расположение кај инвеститорите се уште е присутен, јавува Си-Ен-Би-Си
Вредноста на биткоинот надмина 86.000 долари
Вредноста на биткоинот е повеќе од двојно зголемена во споредба со овогодишниот минимум од 38.505 долари / Photo: AA / AA

Вредноста на криптовалутата биткоин вечерва порасна на 86.660 долари, покажуваат податоците на сајтот за следење криптовалути во реално време на КоинДеск (CoinDesk).

Крипто-пазарите позитивно реагираа на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, а бранот на многу добро расположение кај инвеститорите се уште е присутен, јавува Си-Ен-Би-Си.

Инвеститорите веруваат дека новиот американски претседател, кој се декларира како поддржувач на крипто-валутите, ќе овозможи овој пазар да процвета.

Вредноста на биткоинот е повеќе од двојно зголемена во споредба со овогодишниот минимум од 38.505 долари, пренесува Ројтерс.

Доналд Трамп во септември најави нов потфат во областа на криптовалутите „Ворлд Либерти Фајненшл(“ World Liberty Financial).

„Крипто е една од оние работи што треба да ги направиме“, рече тогаш Трамп на социјалната мрежа Х, додавајќи: „Неважно дали ни се допаѓа тоа или, но морам да го сторам тоа“.

Трамп го промовира потфатот од август, иако специфичната цел на „World Liberty Financial“ останува нејасна.

Официјалниот датум на лансирање на проектот за криптовалути не е објавен.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Курти: Србија ги проширува воените капацитети во функција на хегемонистичките цели
Германија ги заострува мерките за враќање мигранти
Иран: Разговорите за Ормуз со Оман напредуваат „конструктивно“
Пожарот во Круја е ставен под контрола
Рејтингот на одобрување на јужнокорејскиот претседател падна на рекордно ниско ниво
Над 1,5 милиони луѓе евакуирани поради тајфунот „Делфин“ што ја погоди источна Кина
Десетина загинати во ноќните напади со дронови меѓу Русија и Украина
Фидан: Договорот за заедничка одбрана од Мека технички е ист како членот 5 на НАТО
Американски сенатор: Трамп ја загуби војната со Иран
Ефтимов: Упадот на дронот не е намерна воена акција против Бугарија
ФАО: Цените на храната во јули највисоки во последните три години
Седум Палестинци повредени од израелски оган низ Газа и покрај примирјето
САД ја потврдуваат поддршката за Јемен додека се засилуваат конфликтите со Хутите
Коперник: Западна Европа забележа рекордни температури во јуни и јули
Пораснаа цените на нафтата по новите услови на Иран за Ормутскиот Теснец