| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Јужноамерикански квалификации за СП: Парагвај ја победи Аргентина
Победничкиот гол за Парагвај,  по 1:1 на полувремето, го постигна дефанзивецот на Хетафе, Омар Алдерете со глава во 47. минута, што за Парагвајците беше прва победа на домашен терен против Аргентина по 15 години
Јужноамерикански квалификации за СП: Парагвај ја победи Аргентина
Бразил одигра 1:1 во Венецуеала, а Винисиус промаши пенал за победа / Photo: Reuters / Reuters
15 ноември 2024

Синоќа во јужноамериканските квалификации за СП 2026 година, Парагвај со 2:1 победи против Аргентина, која и покрај поразот остана прва на табелата, а Бразил ремизираше 1:1 со Венецуела.

Аргентина поведе во Асунсион во 11. минута од натпреварот, а погоди напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез. НоПарагвајците, кои се борат за едно од шесте квалификациски места, брзо израмнија со голот на Тони Санабрија во 19. минута.

Победничкиот гол за Парагвај по одморот го постигна дефанзивецот на Хетафе Омар Алдерете со глава во 47. минута. За Парагвајците тоа беше прва победа на домашен терен против Аргентина по 15 години.

По 11 кола, Аргентина има 22 бода, три повеќе од Колумбија која има натпревар помалку и пет повеќе од Бразил.

Аргентинците во вторник гостуваат кај Перу, додека Парагвај, моментално шести со 16 бода, патува во Боливија.

Петкратниот светски шампион Бразил одигра нерешено во Венецуела, откако играчот на Реал Мадрид Винисиус Јуниор промаши пенал за победа.

Бразил мораше да се задоволи со бод, а единствениот гол за Селекао го постигна играчот на Барселона Рафиња од слободен удар.

Венецуела, која израмни преку Теласко Сеговија, по ремито е на седмото место со 12 бода. Бразил остана трет на табелата со 17 бодови.

Еквадор е петти откако Гонзало Плата постигна два гола во победата од 4:0 против Боливија во Гвајакил.

Ветеранот Енер Валенсија го постигна првиот гол на натпреварот од пенал во 26. минута, потоа двапати погоди Плата во 28. и 49. минута, а Алан Минда ја запечати победата на Еквадор со гол во 61. минута.

Во сабота се играат натпреварите Перу - Чиле и Уругвај - Колумбија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Иран им забрани на своите спортисти да патуваат во „непријателски земји“
Туркије на чекор до пласман на Мундијалот по победата против Романија
Седлоски: Имаме што да покажеме против силната Данска
Салах во јуни го напушта Ливерпул
Чешка: Десетици уапсени за местење фудбалски натпревари и корупција
Инфантино: Фудбалот е клучен во промовирањето на мирот, Мундијалот да се одржи според распоредот
Дебакл на Њукасл во Барселона, Галатасарај остана без четвртфинале во Лигата на шампионите
Реал, ПСЖ, Арсенал и Спортинг првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите
Иран преговора со ФИФА натпреварите од Мундијалот да ги игра во Мексико наместо во САД
ФИФА ги разгледува опциите откако Иран најави повлекување од Светското првенство
Иран нема да учествува на светското првенство во фудбал чии ко-домаќини се САД
Продолжува Лигата на шампионите- ПСЖ го пречекува Челзи, Реал Мадрид против Сити во осминафиналето
УЕФА: „Финалисима“ не мрда од Доха
Младите македонски спортисити стануваат дел од Плазма Спортските игри на младите
ПСЖ против Челзи, Реал пак на мегдан со Сити во осминафиналето на Лигата на шампиони
Блатер ги критикуваше методите на управување на Инфантино
Драма во Торино: Галатасарај по продолженија го елиминираше Јувентус од Лигата на шампиони
Инфантино верува дека натпреварите од СП 2026 година ќе се одржат во Мексико
Сензација во Милано: Бодо го исфрли Интер од Лигата на шампиони
Признание за квалитет: ФИФА амблеми за македонските судии