| Macedonian
СВЕТ
5 МИН ЧИТАЊЕ
Новата европска влада на стаклени нозе уште пред да почне со работа
Составот на новата Европска комисија се уште не доби зелено светло откако изборот на неколку еврокомесари е запрен поради спорот меѓу Европската народна партија и Социјалистите и демократите во врска со кандидатката за потпретседател Тереза Рибера
Новата европска влада на стаклени нозе уште пред да почне со работа
Шпанската народна партија се обидува да ја направи Тереза ​​Рибера жртвено јагне за нивниот неуспех да се справат со катастрофалните поплави, велат од групата Социјалисти и демократи / Photo: AFP / AFP
16 ноември 2024

Процесот на одобрување кандидати за еврокомесари е запрен по конфликтот меѓу двете најголеми политички групи во Европскиот парламент - Европската народна партија (ЕПП) и Социјалистите и демократите, што може да го одложи почетокот на работата на новата Европска комисија кој е планирана за 1 декември, јавуваат бриселските медиуми.

Во Европскиот парламент во вторникот заврши процесот на сослушување на кандидатите за комесари, при што 19 од 26 кандидати добија зелено светло од надлежните комисии на ЕП за својата работа, но за одобрување чекаат унгарскиот кандидат за комесар за здравје и благосостојба на животните, Оливер Вархеји и сите шест кандидати за извршни потпретседатели- Тереза ​​Рибера, Рафаеле Фито, Стефан Сежурне, Хена Виркунен, Роксана Минзата и Каја Калас, која беше назначена и за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

ЕПП инсистира Вархеји, актуелниот комесар за проширување, да добие зелено светло за извршување на функцијата и дека функцијата на Фито како извршен потпретседател за кохезија и реформи не е загрозена.

Но ЕЕП инсистира Рибера, кандидат за потпретседател за чиста, фер и конкурентна транзиција, да вети дека ќе поднесе оставка од Комисијата ако биде обвинета во врска со нејзината улога како потпретседател на Шпанија, задолжена за еколошката транзиција, во неодамнешните поплави во Валенсија.

Најголемата политичка групација во Европскиот парламент објави дека датумот за состанокот за оценување нема да биде одреден додека не се одговорат прашањата на ЕПП поставени на сослушувањата.

Како што рече изворот од ЕПП, политичката групација на ЕПП останува отворена за контакт со проевропските групи за да се постигне договор во секое време.

Социјалистите, пак, претходно го обвинија раководството на ЕПП дека го крши политичкиот договор на проевропските демократски сили во ЕП заради „деструктивната агенда на Шпанската народна партија“, која ја напаѓа Рибера.

„Шпанската народна партија се обидува да ја направи Тереза ​​Рибера жртвено јагне за нивниот неуспех да се справат со најкатастрофалните поплави во поновата европска историја, кои резултираа со повеќе од 200 смртни случаи и ефективно ја зеде ЕПП како заложник, туркајќи ја целата ЕУ на работ на најнеодговорен начин“, се наведува во соопштението на Социјалистите и демократите по обвинувањата против Рибера, инаку третата потпретседателка на шпанската влада, дека таа е одговорна за поплавите во Валенсија.

„Под неодговорното однесување на нивниот лидер Манфред Вебер, конзервативната Европска народна партија го прекрши историскиот проевропски, демократски договор меѓу конзервативните, социјалдемократските и либералните групи во овој дом“, се наведува во соопштението.

Социјалистите го обвинија раководството на ЕПП дека покажа оти е подготвено да ја ризикува стабилноста на европските институции среде предизвикувачка геополитичка клима.

„ЕПП ќе мора да им објасни на граѓаните на Европа зошто го скршија историското проевропско мнозинство и дали навистина сакаат да застанат на страната на екстремно десничарските популисти“, велат од групата.

Порталот Евроактив, повикувајќи се на неколку шпански медиуми, објави дека лидерот на шпанската конзервативна Народна партија, Алберто Нуњеш Феихо се договорил со лидерот на ЕПП Манфред Вебер за прашањата што ќе ѝ бидат поставени на Рибера за време на сослушувањето во врска со неодамнешните поплави во Валенсија.

Од друга страна, Социјалистите бараат да помине кандидатурата на Рибера, да се деградира Фито и да се врати ЕПП на Вебер во централната коалиција, што овозможи избор на Урсула Фон дер Лејен за претседател на Комисијата.

Евроњуз наведува дека групата „Обнови ја Европа“ е поотворена за брзо постигнување компромис, а групата на Зелените изрази загриженост за ќор-сокакот.

Доколку лидерите на политичките групи не се договорат за заеднички пристап кон кандидатите за извршни потпретседатели, правилата на ЕП им дозволуваат на комисиите да одржуваат тајни гласања, при што пратениците ќе изберат дали ќе ги прифатат или отфрлат нивните кандидатури.

Конечната оценка на сослушувањата за кандидатите треба да ја направи на 21 ноември Конференцијата на претседатели на ЕП, која ја сочинуваат претседателката на ЕП Роберта Мецола и лидерите на политичките групи, а потоа Европскиот парламент треба да го одобри целиот состав на Комисијата до 28 ноември со цел да започне со работа на 1 ноември декември.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Руски борбен авион Су-30 се урна на Крим
Се бара ослободување на лидерот на палестинско-американската заедница уапсен од ИЦЕ
Јужна Кореја и Франција се заложија заеднички да обезбедат безбеден премин низ Ормускиот теснец
Пентагон го испрати во пензија началникот на армијата и разреши уште двајца генерали
Бројот на жртви од поплавите во Авганистан се искачи над 50
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец