| Macedonian
КУЛТУРА
2 МИН ЧИТАЊЕ
Македонскиот зелник меѓу топ 10 најдобри пецива на светот
„Атлас за вкус“ е интернет платформа посветена на истражување на традиционални јадења и гастрономски специјалитети од различни земји и региони во светот.
Македонскиот зелник меѓу топ 10 најдобри пецива на светот
Македонскиот зелник меѓу топ 10 најдобри пецива на светот / Photo: TRT Balkan / TRT Balkan
19 ноември 2024

Традиционалниот македонски зелник се најде на деветото место на листата на гастро водичот TasteAtlas, меѓу десетте најдобри пецива во светот.

Првото место на оваа листа го заземаат новопазарските мантии, кои обично во бошњачката кујна ги нарекуваат и „кралици на трпезата“.

„Вкусот на ова јадење потсетува на бурек, но формата е сосема поинаква – се обликува во мали топчиња кои се ставаат во тава и се печат заедно“, стои во појаснувањето објавено на TasteAtlas.

Второто место го зазема Пастел де Белем, трето е малезискиот карипап, четврто е грчката тригона панораматос, а на петтото место е францускиот кроасан.

На шесто место е грчката бугаца, седми турскиот катмер, осми пачки од Полска, а на деветото место е македонскиот зелник.

„Атлас за вкус“ е интернет платформа посветена на истражување на традиционални јадења и гастрономски специјалитети од различни земји и региони во светот. Содржи информации за локални кујни, традиционални рецепти, ресторани и специјалитети, често со оценки, коментари и критики.

Корисниците можат да бараат различни видови храна, како и да откријат популарни јадења во различни делови на светот.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири